Кампања за повеќе читање кај учениците

10

Охрид, 6 октомври 2022

Вчера на Светскиот ден на учителот библиотекарите од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја започнаа промоцијата на библиотечните услуги во основните и средни училишта што ќе се одвива во текот на цел октомври кој е и Месец на книгата.
Првата презентација беше во двете смени меѓу ученици од ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Денеска нашите библиотекари се во ООУ „Христо Узунов“ а утре – петок во СОСУ „Кирил и Методиј“ Охрид.
Библиотеката располага со богат фонд на белетристика, но и стручна литература од сите области. Претходниот месец набавивме доволен фонд лектирни изданија за основно и средно образование. Па така основците за само 200 денари годишно ќе можат да читаат задолжителни и слободни лектири
Членарината за средношколците и студентите но и останатите возрасни читатели е 300 денари годишно.
Библиотеката нуди можност ученици од социјално загрозени семејства да бидат зачленети бесплатно , со потврда од Центарот за социјални работи како доказ дека примаат социјална помош
Преку посетата на училиштата, ссновците и средношколците ќе се поттикнат да станат членови на Библиотеката а за новите книги и сите останати настани во библиотеката освен преку медиумите ќе можат да прочитаат и преку социјалните мрежи.
НУ Библиотека

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.