Волшепството на Коџоман Младиот, во Арт Хаб во ГТЦ

139

Вангел Коџоман Младиот, потомок на славното уметничко семејство трета генерација, синоќа, Први декември 2022, во Арт Хаб Скопје, во ГТЦ ја отвори својата самостојна изложба, која изобилува со магични слики, во претежно голем, но и среден и мал формат.
дОваа изложба насловена е “Длабок парк” , содржи дваесеттина дела, работени во мал, среден и голем формат. Поставката е поделена во два циклуса, подеднакво магично, весели, спиритуални, колоритни, разиграни.
– Првиот дел е посветен на Градскиот парк вСкопје, кој многу го сака од дете и каде живее во непосредна близина, во Дебар маало, И во нив се сместени мотиви од природа, убавина, духовна, визуелна и слична. Вториот дел е поапстрактен- нешто како мотиви од вселена, воздух, гранки, ослободување на енергија. Работени се во акрил на платно.
Сликите се импресивни. Се залепуваат за око, и за душа.
-Големиот формат ми е посебен предизвик, нешто како соочување со себе си – изјавува Коџоман.
Во 2013 година ја имаше последната изложба, заедничка, со слики од неговиот татко и дедо.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.