“Златен Елец”: “Грета” на Втори Март во Гевгелија

19

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, гевгеличани ќе имаат можност на 2 март, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19.30 часот, да проследат уште една театарска претстава за возрасни „Грета“ од репертоарот на независниот Театар „Златен елец“. Билетите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари и можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија во периодот од 8 до 15 денари и на самиот ден, пред почетокот на претставата.
На листата на одржани настани, Домот на културата ќе ја запише и „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска, претстава која раскажува приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна. којашто преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери, коишто ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кои се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена, којашто не се повторува исто двапати.
„Пробата треба да носи радост. Зашто за пробата се одделува половината од секој ден во тек на целиот живот. И, по напорните проби, ако излезе дури и добра претстава- тоа не ќе ги покрие загубите.“- А. Ефрос

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.