
Документарниот филм „Силјан“, е копродукција со американската компанија „Конкордија“ и британската „Корнершоп“. Во продукцискиот тим се и Жан Дакар, кој е и кинематографер, Јорданчо Петковски и Ана Хашми, додека монтажата ја изработи Мартин Иванов.
Премиерното прикажување на новиот документарен филм „Силјан“ на Тамара Котевска, во рамки на 82. Венециски филмски фестивал, беше наградено со долг аплауз и стоечки овации од публиката. Фокусот на филмот е многу актуелната и болна тема – иселувањето. Инспирацијата кај авторката е од македонската народната приказна од Марко Цепенков, за момчето Силјан кое незадоволно од животот во домот , посакува и заминуваод дома и се претвора во штрк. Ооваа симболика, режисерката и авторка Котевска, ја претворила во современа приказна за судбината на источна Македонија, преку односот меѓу еден земјоделец и бел штрк.
Котевска на Венецискиот филмски маркет, пред финансиери и дистрибутери го претстави својот нов документарен филм „Мамутите кои избегаа од царството на Елрих хан“, снимен во Сибир. Проектот отвора прашања за опстанокот на сибирското шаманско племе Долгани и судирот меѓу одгледувачите на ирваси и ископувачите на мамутски заби – на последната точка од северот на планетата каде што сè уште има траги од цивилизација.
Покрај овие успеси во Венеција на меѓународната сцена, Котевска ова лето го заврши снимањето на својот прв долгометражен игран филм „Човек против јато“, кој е финансиран од Агенцијата за филм.