Нова песна од макеоднската фолк пеачка Анета Љумаковска – “Жена“

Македонската фолк пејачка, Анета Љумаковска повторно ја разнежи јавноста. Овој пат, таа замина во прекрасниот Рим, каде што го сними видеоспотот за својата нова песна „Жена“ – емотивна балада посветена на секоја силна, нежна и чувствителна жена.
„Со огромна благодарност и полни емоции, го најавувам видеоспотот за мојата нова песна „Жена“ снимен во прекрасниот Рим. Ова е песна која ја носам длабоко во себе“, вели Анета, додавајќи дека „Жена“ не е само песна, туку приказна, емоција и сила во секој стих и тон.

Зад ова музичко дело стои вистински тим на уметници и професионалци: Анита Даева – автор на текстот, која преку своите зборови ја претстави приказната на секоја жена што поминала низ предизвици, љубов и болка, но останала силна. Дејан Момироски (XL Studio) – автор на музиката и аранжманот, кој со својот препознатлив стил ѝ даде душа на песната и Арт Студио продукција – за креативната визија и професионалниот изглед на видеото, кое ветува да биде едно од најубавите во нејзината кариера.

По успешната соработка со Дакапо Бенд, фолк пејачка Анета Љумаковска официјално започнува ново музичко поглавје. Од 1 ноември, таа настапува со свој нов состав -„Анета Бенд“, со кој ќе продолжи да ја шири својата енергија, емоција и музичка магија на сцените низ целата земја и пошироко.

Ако мислевте дека со песната „Жена“ завршува нејзината нова музичка приказна – се лажете. Во студиото веќе се работи на уште три нови песни, кои ќе бидат дел од нејзиниот нов албум, најавен за 2026 година. За секоја песна ќе биде снимен и видеоспот, бидејќи Анета сака секое дело да има своја приказна, порака и емоција.

Со најновиот сингл „Жена“, и видеоспот снимен во вечниот град Рим, Анета уште еднаш покажа зошто се смета за една од најавтентичните и најемотивните фолк изведувачки на македонската сцена. Нејзиниот глас, искреноста и харизмата ја прават вистинска дама на музиката – жена која со песна вдахнува сила, гордост и инспирација кај илјадници жени.

Новата ера на Анета Љумаковска штотуку започна – а публиката може да очекува уште многу емоции, убавина и вистинска музика од срце.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.