Божо Вреќо во Скопје

Најпознатата босанскохерцеговска ѕвезда на денешницата, Божо Вреќо на 21 ноември доаѓа во Скопје каде што ќе настапи во Македонската филхармонија.
Вреќо е лирски тенор кој со својот ангелски глас ги испева најдлабоките емоции. Неговиот пристап е навистина катарзичен, трансверзален и уникатен, како што пишуваат светските медиуми како францускиот ARTE, американскиот New York Times и шпанскиот El Periodico.

Споменатите медиуми го нарекуваат и „икона на слободата, ангелски глас што ги милува душите и ги отвора срцата“. За неговата популарност и квалитет најдобро зборува фактот дека билетите за концертот кон крајот на минатата година во Сараево беа распродадени за само седум часа.

Вреќо пее за љубовта, копнежот и раздвоеноста, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој стих на Божо е како исповед и признание на љубовта, оттаму и магијата на неговите концерти.

Тој соработува со познати уметници од светски глас со кои има напишано и нови севдах текстови што неговата сè побројна публика едноставно ги обожава, од „Лејлија“ па сè до „Саба“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.