Почетна УМЕТНОСТ Вечерва во КИЦ, изложба на Ивона Петрова

Вечерва во КИЦ, изложба на Ивона Петрова

Вечерва, во 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложбата на Ивона Петрова насловена како „Заедно“.

Петрова е добитничка на наградата „Борко Лазески“ за 2024 година која се доделува веќе 30 години. Наградата се доделува за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности и подразбира организирање на самостојна изложба во КИЦ.

„Мотивите за создавање на уметничко дело се безброј. Често нецелосно познати ниту за оној кој го создава, за творецот. Да, долгата историја на творење нè има научено како да развиваме системи и методологии за полесно анализирање и категоризирање на уметноста, вклучително и на нејзините „причини“. Но, сепак тие се само мапа за полесно снаоѓање, не и суштина или фактичка дестинација. Како што Аристотеловата категоризација на живиот свет не ја опишува магнитудата или себството на животот, така ни теоризацијата на уметничките мотиви и практики не ја доловува нивната целост“, изјави Петрова.

Изложбата ќе биде отворена до 24 ноември.

metropolis-big