Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, освои шест награди на три фестивали, за два дена

Фото: Агенција за филм

Филмот „Диџеј Ахмет“ освои шест награди на три европски филмски фестивали во само два дена. На Босфорскиот филмски фестивал филмот освои специјална награда на жирито и награда за најдобар актер ,за Ариф Јакуп во улогата на Диџеј Ахмет.

На Севилскиот европски филмски фестивал ги освои Гран при наградата на жирито и наградата за најдобар актер — повторно за Ариф Јакуп, додека, пак, на Брауншвајг Интернационалниот филмски фестивал, наградата на жирито за најдобар европски дебитантски или втор филм и наградата од публиката за најдобар европски дебитантски или втор филм.

„Ова е неверојатно признание за целата екипа, особено за Ариф Јакуп и Георги М. Унковски. Македонија повторно го истакнува својот талент на светската филмска мапа“, истакна и тимот на „Диџеј Ахмет“.

Филмот е поддржан од повеќе национални и меѓународни институции, меѓу кои Агенцијата за филм на Северна Македонија, Eurimages, Czech Film Center, HAVC, Филмскиот центар на Србија и други.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.