■ Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на најголемата музичка конференција на Балканот ПИН која ќе се одржи од 27 до 29 ноември 2025 година, во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје.
■ Благодарение на Програмата за културни и креативни индустрии 2025 (PICC) на Францускиот институт од Париз и добрата соработка помеѓу Францускиот институт во Скопје и Пасворд продукција, ќе се одржи исклучително богата програма со “Фокус : Француска музика на Балканот“ на ПИН музичката конференција во која се предвидува настап на 9 француски музички групи и учество на 15 продуценти од Франција на панел програмата.
■ Официјалното отворање на конференцијата ќе се одржи во четврток, 27 ноември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, на кое збор ќе земе и г. Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура и соработка.
■ Програмата предвидува учество на 15 француски музички продуценти кои ќе бидат интегрирани во панел програмата на ПИН Конференцијата. Неколку панел дискусии ќе бидат тематските посветени на француската музичка сцена и ќе опфатат презентации на музичките екосистеми во Франција и новите технологии.
■ Девет млади бендови од актуелната француска музичка сцена ќе имаат промотивни настапи со кои ќе се претстават пред 400-те учесници на конференцијата, како и пред многубројната публика од регионот.
■ РАСПОРЕД НА ФРАНЦУСКИТЕ АРТИСТИ
■ Четврток, 27 ноември 2025
- 22:30 – Super Parquet | Денсинг Сала МКЦ
- 23:10 – Oonagh Haines | Џебно кино МКЦ
- 00:10 – DJ Jean Louis Presque | МКЦ КЛУБ
■ Петок, 28 ноември 2025
- 21:00 – Ludivine Issambourg | Денсинг Сала МКЦ
- 21:45 – BØL | Денсинг Сала МКЦ
- 20:45 – Aptère| Кино Фросина МКЦ
- 21:30 – DORDOGNE | Кино Фросина МКЦ
- 23:20 – Brama | Кино Фросина МКЦ
- 22:10 – Putan Club | Тоалети МКЦ
Повеќе детали за изведувачите се достапни на веб -страницата на ПИН конференција.


































