LICENTIA POETICA со Дуња Паланџану  – Тоа е како да врне снег, бели црешови цветчиња, врз сончевиот диск на срцето…

1020

Уредник на рубриката: Филип Димкоски

Дуња Паланџану е родена на 15 март 1954 година во Ѓурѓево, Романија. Таа е романска петеса, прозаистка и публицистка, активен творец во областа на културата во Ѓурѓево. Претседател е на литературниот круг „Лучафарул“, основач и координатор на пограничното здружение за лтература и уметност „Дунавски соѕвездија“, основано во Ѓурѓево во 2012 година. Ова здружение претставува културна платформа која ги обединува писателите, луѓето од културата и уметноста од подунавските градови Ѓурѓево (Романија) и Русе (Бугарија).

Литературното деби на Паланџану е во 1994 година со стихозбирката „Провинциски писма“. Авторка е на неколку книги  поезија, проза и публицистика.

 ПРОЛЕТЕН СОН

Меѓу нас

сезоната започнува

со лудиот бег на мушичките

и штурците пробудени

од безмилосно растреперените треви.

Те чекам

Под ледениот блесок

На ѕвездите

да ги пребродиме

магиите

на распеаниот чернозем…

Колку мачно

ни се подигаат телата

омаени од крескавиот глас

на огромното

со секој ден

со секој час

со секоја секунда што минува

под нашите трепетни погледи-

жед за синевина.

На разденување

Тоа е како да врне снег

Бели црешови цветчиња

врз сончевиот диск

на срцето…

 

ЈАБОЛКОВ ЦВЕТ

Љубен мој,

водопадот од солзи

сакав да го испијам како вино

во моментот, кога чашата со отров

се наполни со очај

толку тажна е разделбата

која лежи меѓу нас

денес ти си сонце, а јас-месечина

и нема патишта за нас.

Љубен мој,

годините во бег минуваат

и јас не сум само едно вдишување

миговите се повторуваат

но сега е многу доцна

толку горка е разделбата

што ќе ни остане-врне дожд

денес ти си сонце, јас-месечна

и нема патишта за нас.

 

Јаболков цвет

како прав од ѕвезда

јаболков цвет

ноќе во твојот прозорец

јаболков цвет

ноќе ќе ти раскажува за мене.

Ќе ти шепоти низ годините-

не ме заборавај.

НА РАЗГОВОР СО МОЈОТ АНГЕЛ ЧУВАР

Ете

ме судиш и ме прашуваш

што направив во животот

а јас

се кријам во хартијата што шушти

го фрлам брзо островот на зборовите

си ги сликам крилјата во бело

да личам на тебе

да ти се допаднам

заборавајќи

дека од утре

самотијата

како една уморена и тажна балерина

ќе се заврти во собата

и во душата

зголемувајќи ја празнотијата

од неисполнети желби.

Ти,

Покажи ми магичен знак

Да можам да те повикам

Во утрините,

кога ќе ми недостасуваш

само заради едно обично

движење со очните капаци.

Препев од романски на бугарски: Надежда Радева

Препев од бугарски на македонски: Филип Димкоски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.