Почетна КУЛТУРА Светот на филмот “Синедејс“ 2020, ќе го отвори првиот македонски филм за деца „Стела“

“Синедејс“ 2020, ќе го отвори првиот македонски филм за деца „Стела“

849

Од 18 до 24 септември, под протоколи на отворено, на 9 локации ќе се одржи филмскиот фестивал Синедејс. Бидејќи кината и театрите се уште остануваат затворени, градот Скопје одлучи цело Скопје да го направи кино.

Отворањето на годинешново издание ќе биде со првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“. Стела е приказна за едно 10 годишно дете кое при обидот за самоубиство, заради тоа што е  жртва на малтретирање во училиште, Стела(шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.

Играат: Дејан Лилиж, Тони Михајловски, Петар Маниќ, Симеон Дамески и Христина Поповиќ.

Режија – Стојан Вујисиќ

 

metropolis-big