Почетна УМЕТНОСТ Ликовна Во подготовка нов мултимедијален проект „Рефлексии и рамки“ oд авторот Ѓоко Ризов

Во подготовка нов мултимедијален проект „Рефлексии и рамки“ oд авторот Ѓоко Ризов

14

Новиот авторски проект „Рефлексии и рамки“ на уметникот Ѓоко Ризов е уметнички
меѓународен мултимедијален проект, кој преку уметноста и потенцирање на
нејзината важност, во време кога истата е повеќе од потребна (поради светската
пандемија, но и поради континуираната маргинализираност во македонското
општество). Проектот ќе се обиде да отвори/обнови процеси и перспективи на
себеспознавање преку кои самата уметност во симбиоза со психологијата ќе
овозможи комуникација, информации, поттикнување на имагинацијата,
интуицијата, визуелно размислување и изразување, свесност за себе и креативен
пристап кон обликување и подобрување на квалитетот на животот.

Мултимедијалниот проект „Рефлексии и рамки“ на уметникот Ѓоко Ризов претставува еден вид продолжение на неговиот уметнички перформанс „Reflections and frames“ (Рефлексии и Рамки), изведен во галеријата „Sound, light color“ на 21.08.2021 година во Амстердам каде Ѓоко Ризов преку огледала, портрети и лица, во интерактивна форма со посетителите го визуелизира прашањето какви сме пред себе, како се претставуваме пред другите и како другите не доживуваат, колку можеме да се гледаме во огледало такви какви што сме или такви какви што мислиме дека сме, истражувајќи ги свесните и несвесни тенденции за ставање маски и етикетирање на се околу нас. Уметникот Ѓоко Ризов преку овој перформанс го постави прашањето дали постои „вистинско лице“ и кое е тоа, и колку често лицето во огледалото се спротиставува на сликата што му ја покажуваат на светот.

Мултимедијалниот проект „Рефлексии и рамки“ преку портрети, огледала и лица ќе фрли светлина и ќе ги истражи процесите на себеспознавање и трансформација на поединецот надвор од комфорната зона преку физичката миграција (како еден од начините на излез од комфорт зоната). Во исто време ќе ги истражи начините на кои изолацијата, осаменоста, губењето на контактите со
фамилијата, пријателите и невидливоста во новата средина, придонесуваат кон искрено и длабоко соочување со себе си, кон поглед во огледалото каде лежат
најголемите човечки егзистенционални стравови, но и одговори, таму каде
рефлексијата е најчиста и најблизу до вистинското јас и води кон длабоко
себеспознавање.

Проектот ќе поврзе седум македонци на шест различни континенти (Азија,
Африка, Австралија, Северна Америка, Јужна Америка и Европа) кои преку
миграцијата поминале низ силен процес на себеспознавање и свесност за
психолошките состојби на поединецот надвор од комфорната зона, секој од нив на
различни страни во светот, успеал да достигне личен и кариерен развој преку кој
директно остварува голем општествен импакт во местото каде живее и твори, но и
во местото кое сите нив ги поврзува – Македонија.

Авторот на овој проект преку динамизирање на уметничката сцена со еден
свеж, енергичен авторски пристап во ликовниот свет, има за цел преку
миграцијата (и самиот автор на проектот е иселеник), да фрли светлина на
потребата за себеспознавање и излез од комфорт зоната. Преку поттикнување на
свесноста за импактот на состојбите кои таквата трансформација ги носи, состојби
кои длабоко ја менуваат перцепцијата на личноста и водат кон личен раст и
развој, проектот исто така ќе отвори и дијалог за сите останати начини кои постојат за напуштање на комфорт зоната без нужна потреба од физичка миграција.

Овој проект треба да се реализира во текот на тековната 2022-ра година на шест континенти а покрај другото ќе го потенцира и индивидуализмот и потребата од јакнење на индивидуалниот ментален имунитет, преку свесност за процесот на
себеспознавање на повеќе нивоа, сопствениот пат на секој од нас, кој секој треба да го изоди не споредувајќи се со никого.

Татјана Гогоска

 

metropolis-big