Месец март- месец на европски филм во Кинотека на Македонија

1586
kulturni institucii

После месеците на руски, австралиски и ирански филм, месец март Кинотеката го посвети на Европскиот филм . Во првите 20- тина дена беа прикажани 15- тина филмови од Европските продукции.

Последната недела на март на Програмата се: на  22, 23 и 24 март  Македонските филмови

ЈАД- по сценарио и во режија на  Кирил Ценевски во улоги на  Дарко Дамевски, Фабијан Шоваговиќ, Марга Потоцка, Нада Гешовска, Олег Видов, Сабина Ајрула-Тозија, Танасие Узуновиќ

Крај на XI-от век. Охрид, Византија. Силен духовен отпор на словенското население кон византиската власт и христијанската догма, искажан преку ересот на богомилското движење и автентичната самобитност на народот. Прогони, анатеми, убиства, чуми, несреќи… вител во кој ја следиме судбината на семејството на Аврам, како вековен симбол на човековото опстојување на балканските крстопати. Во селото на Аврам владее епидемија на големи сипаници. Сите болни ги фрлаат во вар. Аврам сè уште нема наследник, а тоа неизмерно го посакува. Ноќе, кога селаните изведуваат во шумата ритуали за изгонување на болестите и кажуваат молитви упатени кон природата, Аврам ја забележува младата и убава Далија со која посакува да има син…..

ОЛОВНА БРИГАДА  (Lead brigade) , во режија и сценарио на  Кирил Ценевски а во улоги на Ацо Јовановски, Благоја Спиркоски-Џумерко, Данчо Чевревски, Дарко Дамевски, Илија Џувалековски, Коле Ангеловски, Миља Вујановиќ, Миралем Зупчевиќ, Павле Вуисиќ

Зима во една рударска населба. Во рудникот работата се одвива според вообичаениот ритам. Во окното, заедно со рударите, се симнува и инженерот Лазар. Рударот со прекар Мајор ги распоредува двојките за работа. Злокобното завивање на сирената ја прекинува работата во рудникот. Рударот Шило алармира кај рударите за тројцата завеани рудари кои, доаѓајки на работа од околните села, останале заглавени во снежните наноси. Сите рудари се подготвени да помогнат. Во возилото на рудникот седнува инженерот Лазар и тргнува во потрага. За еден од рударите помошта пристигнува предоцна.

Едно од окната во рудникот е забрането за работа. …

Филмот ЈАЗОЛ (Knot) во режија: Кирил Ценевски и сценарио: Славко Јаневски

Улоги: Лазар Ристовски, Ацо Јовановски, Кирил Ристовски, Костадинка Велковска, Петар Арсовски

Дејството на филмот се случува во март 1943 година, кога според планот на геноцидното однесување кон Евреите беа транспортирани и Евреите од Скопје… Хирургот Никола, кому му е одземена дозволата за работа од страна на бугарската окупаторска власт, ги минува долгите монотони вечерни часови во хотелскиот бар. Гости во барот се германските офицери, како и бугарскиот началник Симеонов. Офицерите се забавуваат играјќи руски рулет, кој се разликува од изворната варијанта по тоа што германските офицери стрелаат во главата на затвореникот Симеон, човек од илегалата и познајник на Никола…

kulturni institucii

Потоа следуваат филмовите МЕРСИ СТРИТ, анимирана романска продукција во режија: Александру Бузеа, Стефан Бузеа (Alexandru Buzea, Stefan Buzea) и МИЛЕНИЧИЊА ,игран Романски филм. На 27 и 28 март ќе бидат отстапени термини за Францускиот филм а последните три дена на Програмата ќе биде прикажани три филмови од  Фестивалот на современ грчки филм во организација на Киненова .

Влезниците ѕа проекциите се 50 денари  и наменети се за цела популација, освен со соодветната назнака на одредени филмови.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.