среда 29 јуни, 2022
Почетна УМЕТНОСТ Изложби Мeтаморфозите на Анастас Ќушкоски од изложбата Митско-библиски асоцијации

Мeтаморфозите на Анастас Ќушкоски од изложбата Митско-библиски асоцијации

1410

Нотации кон изложбата  од Анастас Ќушкоски поставена во Куќата на Робевци во Охрид од  Славе Ѓорго Димоски -www.ohridnews.com

Анастас Ќушкоски не треба посебно да се претставува пред македонската јавсност бидејки е еден од реките сестрани творечки личности кои својата енергија подеднакво и со успех ја посветува на повеќе уметнички и истражувачки родови: поезија, драма, сценарио, филм, уметничка фотографија, етно-истажувања итн. и како таков е перпознатлив по општоприфатената комплексност и по постигнатите резултати. Но, ретко е задоволството да се проникне во овој емотивно-колоритен и асоцијативен раскош пред нас којшто ни го понудува овој редок уметник и да го погледнеме од две страни: едната е техниката, а другата интуицијата, поривот. Која страна ќе надвлдее? Едната го пренесува фотозаписот, другата ја разгатнува загаткта скриена во згуснатиот микрокосмос со крупни митски, библиски, животни и филозофски асоцијации (или прашања). Во ваква изненада секој љубопитник ќе се запраша кој е кој?

Фотоапартот или оној што ја осмислува фото-композицијата. И повторно и повторно доаѓа она вечно прашање: техниката или умот, интуицијата на човекот или длабинската промисленост и заснована проекција на понуденото од живата природа. Што ни нуди таа?

 

 

Се обраќам до публиката: Ве молам, немојте да погледате, туку да се загледате. Вдлабочете се и разбудете ги вашите органи за откривање. Видете што ќе откриете. Тука се тајните клопчиња на она што е содржано и во насловот на ова обрќање: метаморфозите. Не е умесно да се објаснуваат симболите, значењата, асоцијациите, бидејќи ќе изгубат од симфониски оркестараниот космос кој предизвикува копнеж за откривање. Љубопитникот да биде предизвикан да открива. Но на што треба тој љубопитник да се насочи? На материјалот.

Како и колку вешто Анастас располага со природата, со придодните материјали и луциден во својата вештина создава бравурозни композиции кои нè упатуваа во различни насокои, но од сите нив блика парпочетокот, битието. Токму заради тоа тој се одлучил на митски и библиските асоцијации, и прониклив во својата замисла нè насочува, пак, кон самата природа коако најголем уметник која нема право на импровизации. Какви чувства во нас пробудуваат? Како нешто познато, видено, чуено. На пример композиците: „Исус Христос – Подобие Рапетие Воскресение“, „Ненасловена божица“, „Ехо од каменот“, „Адско чудовиште“, „Сатаната како јарец“ и да не редам други.

Овде ќе се запрашаме: колкава ли е можноста човечкиот ум да го фокусира природниот искон и да го предочи во видливи и разбирливи знаци. Ве молам, убаво загледајте се (загледајте ги) сликите, фотографиите. Сè е тука: од она што го измислил или во својата свест си го претставил човекот: Исус во различни евангелиски варијации, ѓаволот, тотеми, апстаркции, бајковите ликови, со еден збор – пред нас е едно вкочането време кое ја возбудува нјдлабоката меморија која низ заводливи и таинствени патеки нè воведува во волшепствата на милениумскиот опстој. Митолошкиот, библискиот, бајковитиот. Таков е животот; тој не е само воздухот што го дишеме, туку тој е и енергијата која е преповторлива и нè враќа на праизворот, праисконот. Тоа е дрвото, тоа е каменот, тоа е флората, тоа е фауната. Како се препознавме во тие форми? Па тие се дел од нас. Тие се слеани со нас. Тие се влеани во нас. Значи треба човек да го открие тој свет и да ни го предочи. И да ни го (по)каже. Скако, преку јазикот на уметноста. Таква е и намерата на Анастас Ќушкоси, а јас се обидов колку-толку да ги посочнам симболите, знаците што ги нудат овие фотографии, а за технита – стручно лица.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }