На денешен ден во 1912 год. по судирот во санта мраз нешто пред полноќ , потона прекуатланскиот брод Титаник.

30
Титаник“ во Саутхемптон, Велика Британија, пред првото патување во 1912.

На денешен ден во 1912 год. по судирот во санта мраз нешто пред полноќ, потона прекуатланскиот брод Титаник. Животот го загубија 1517.

„Титаник“ (RMS Titanic) — британски прекуокеански патнички брод од класата „Олимпик“ сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њујорк). Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.

Имал носивост од 46.328 БРТ, должина од 269,1 м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници.

За време на првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.

Извор: Википедија на македонски јазик

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.