ЦРНОГОРСКА КНИГА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЦАР САМУИЛ!

21

На околу 7 км. одалеченост од Елбасан, Албанија, се наоѓа Манастирот на Свети Јован Владимир. Секоја година на 4 јуни во манастирот доаѓаат верници од целиот Балкан да се поклонат пред моштите на Свети Јован Владимир. При една од моите посети на Манастирот на Свети Јован Владимир кај Елбасан наидов на двојазичната брошура на црногорски и албански јазик КУЛТОТ НА СВЕТИ ЈОВАН ВЛАДИМИР НА ДУКЛА (1016-2019), од група црногорски автори во издаваштво на Матица црногорска се вели во текст на македонскиот активист во Албанија,Vasil Sterjovski  .

Тој вели:

Во брошурата црногорските автори пишуваат за Македонскиот цар Самуил, за Македонската војска, за Македонското царство, Македонија и Македонци.
Подолу дел од пишувањата во брошурата.

На страна 6 во брошурата пишува:
“По смртта на неговиот татко, кнезот Владимир го наследил тронот и владеел со Дукла додека не бил нападнат и освоен од Македонскиот цар Самуил во 988 година. Во својата воена кампања против Далмација, Самуил се соочил со принцот Владимир кој ја организирал одбраната на неговата земја. Во тој случај, Самуил го уништил градот Дукла, па Владимир со својата војска бил принуден да се повлече во метрополата Краја, до утврдувањето на ридот Облик, од каде и дал отпор на Македонската војска.”

На страна 11 и 12 во брошурата пишува:
“Падот на Македонското царство и обновувањето на византиската власт во Дукла беше спротивно на стремежот за создавање независна Дукла …
…..Воислав знаел дека за да ги постигне своите политички цели мораше да ги следи стапките на неговиот претходник Владимир, што значело дека морал да ги зајакне односите помеѓу Дукла и Македонија. Затоа Војислав се оженил за Неда, братучетка на царот Самуил, и откако се омажила за Воислав го зела латинското име Доменика. Така, нема потреба од дополнително објаснување зошто Македонците го прогласиле кралот Бодин за цар во 1072 година.”

Линк до профилот на https://www.facebook.com/vasil.sterjovskihttps://www.facebook.com/vasil.sterjovski

Нашиот коментар е: Пишаните сведоштва се трага за постоењето на еден народ и држава затоа треба постојано да се води сметка за тој дел на творештво и да се збогатува.

Куларт.мк

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.