Ана Дурловски со македонската порака по повод Меѓународниот ден на операта, 25 октомври 2021

198

Вирално промотивно одбележување на Меѓународниот ден на операта – 25.10.2021 во Северна Македонија со сопрано Ана Дурловски, авторка на македонската порака по повод денот на операта.

Авторка на македонската порака по повод Меѓународниот ден на операта – 25 октомври 2021 – Ана Дурловски, колоратурен сопран (МОБ Скопје)!

Избор на членовите на програмскиот одбор (секција: опера – Оливер Балабурски (диригент), Кристина Пешева-Диновска (пијанист), Дејан Прошев (режисер).

Екипа:

Ана Дурловски – колоратурен сопран, авторка на пораката

Ана Лазаревска – фотограф

Кристина Пешева-Диновска – уредување на оперските пораки

Михаило Апостолов – видео

Иванка Апостолова – продуцент

Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА – организатори, промотери

Ана Дурловски, сопран, родена е во Штип, Македонија. Завршила Музичка академија на УКИМ, Скопје, дебитирала во Националната опера и балет во Скопје. Следат настапи во Националните опери во Белград, Загреб, Сараево, Тирана. Во 2006 г. таа дебитираше со Ноќната кралица (Волшебната флејта/ Die Zauberflöte) во Градската опера во Виена, и ја доби хрватската награда за култура Маријана Радев.

Од 2006 до 2011 година таа беше член на ансамблот на Градската опера во Мајнц. Во 2011 година таа стана член на Операта во Штутгард, а во 2012 година беше наградена со германската сценска награда Фауст за најдобра пеачка-изведувач во музички театар, а Opernwelt ја прогласи за најдобра соло пеачка во подем, за истата улога. Од 2014-2015 таа ја изведуваше Ноќната кралица (Волшебната флејта/ Die Zauberflöte) во Метрополитен опера во Њујорк, Дрезден Семперопера, и во Театро Реал во Мадрид. Ана Дурловски ја изведуваше и Елвира (I puritani) во Штутгард, настапуваше како Гиневра во Ariodante и како Норина во Don Pasquale.

Албуми:

BELLINI, V.: Puritani (I) [Opera] (Staatsoper Stuttgart, 2018) (Blu-ray, HD), Naxos
NBD0093V, Opera DVD

BELLINI, V.: Puritani (I) [Opera] (Staatsoper Stuttgart, 2018) (NTSC), Naxos
2.110598-99, Opera DVD

BREGENZ FESTIVAL – Opera on the Lake Stage: Aida / Andrea Chénier / Die Zauberflöte / Turandot / Carmen [Operas] (2009-2017) (5-Blu-ray Disc Box Set), C Major
745904, Opera DVD

BREGENZ FESTIVAL – Opera on the Lake Stage: Aida / Andrea Chénier / Die Zauberflöte / Turandot / Carmen [Operas] (2009-2017) (5-DVD Box Set) (NTSC), C Major
745808, Opera DVD

JOMMELLI, N.: Vologeso [Opera] (Staatsoper Stuttgart, 2015) (Blu-ray, HD), Naxos
NBD0067V, Opera DVD

JOMMELLI, N.: Vologeso [Opera] (Staatsoper Stuttgart, 2015) (NTSC), Naxos
2.110395-96с, Opera DVD

MOZART, W.A.: Zauberflöte (Die) (Bregenz Festival, 2013) (Blu-ray, HD), C Major
713804, Opera DVD

MOZART, W.A.: Zauberflöte (Die) (Bregenz Festival, 2013) (NTSC), Opera DVD

Ана Дурловски (сопран), авторка на македонската порака

Човекот има вродено знаење за важноста на ритуалот на славење и воздигнување на исконските вредности; вечно ќе сме благодарни за дарот на операта и плодовите на сите нејзини генерации на уметници. И покрај тоа што во ова време-невреме, музичкиот театар е сведен на егзистенционален минимум, и тлее како иронична сенка, во целосна депресија, свесни сме дека за човештвото да може да просперира, ќе мора слободно да се отворат театарските сцени, а публиката без ограничувања, да учествува во жива интеракција со отелотворените ремек дела. Нашата оперска солистка, примадона на Македонската Опера и Балет со стеларна меѓународна кариера, Ана Дурловски, во својата порака за Светскиот ден на операта, ни влева оптимизам и порачува:

Почитувани, дозволете ми да ја изразам мојата голема благодарност за укажаната чест.

Возбудата и ентузијазамот и понатаму се главен двигател за остварување на мојата мисија. Нема поголема стимулација од онаа некому да му ги разбудиш емоциите, да му ја поттикнеш мислата. Не случајно се вели дека уметноста може да те издвои но и да те соедини со светот. Затоа, во ова време на пандемија, во кое вирусот Ковид 19 го гасне светлото на рефлекторите, повеќе од неопходна ни е комуникацијата со уметноста, со културата,низ нив да се преиспитуваме, да бидат нашата надеж, нашата иднина.

Извори: https://mk.wikipedia.org/wiki/Ана_Дурловски, https://www.naxos.com/person/Ana__Durlovski_/152085.htm

Линк. Фејсбук промотивен албум. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.217902127007807&type=3

Линк. Фејсбук настан

https://www.facebook.com/events/266186025111233

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.