Во Прилеп започна четвртиот фестивал за деца „Силјан Штркот“

27

Со изведбата на претставата за деца „Тоби “ на Театарот за деца и младинци
Скопје, денеска во Прилеп, започна четвртиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Утре
напладне, /четврток/ најмладите ќе можат да уживаат во претставата „Рибарот и рипката“ од Театарот Колозов.

Во петок на програма е претставата „Јованче и Марика“ на Театар Бабец од Битола, што ќе биде прикажана од 12 часот во театарот „Војдан Чернодрински“.

Во рамките на фестивалот „Силјан Штркот“ в сабота од 11 часот ќе има и промоција на драмска детска литература, поддржана од РЕАД- Регионалната мрежа за културна разновидност, односно ќе се претстават драмските текстови „Буна и Тули“ на косовскиот автор Ариан Красниќи и „Небо без рамка“ на турската писателка Сема Али
Ерол.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.