Деновиве се основа Слоу фуд-Прилеп, која стана членка на светското еко-гастрономско движење

1615

Во четвртокот вечерта во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, се одржа основачко собрание на кое се основа Слоу фуд-Прилеп, а за лидер едногласно беше избрана Тодорка Наумоска-Димески, дипломиран нутриционист од Прилеп.

Со ова и Прилеп стана дел од светското движење во кое се вклучени 160 држави во светот со вкупно 100.00 членови. Станува збор за еко-гастрономско движење, започнато во 1986 година како протест против брзата храна.
Денес целите на Слоу фуд се да ги претстави пред купувачите малите производители, да воспостави контакт меѓу нив, на купувачите да им се овозможи да купуваат еколошки здрава и корисна храна, произведена врз основа на древните земјоделски знаења кои ја вклучуваат љубовта кон земјата и хуманиот однос кон растенијата и животната средина воопшто. Од друга страна со саемите и презентациите локалните производители добиваат можност за
претставување на своите уникатни, автентични производи што се белег на локалната средина.

Во прилепскиот конвивиум односно во прилепската, локална Слоу фуд група, веќе членуваат производители на храна од растително и животинско потекло, агрономи, нутриционисти, наставници, економисти, информатичари, научниции луѓе со различни професионални профили кои на различен начин ќе придонесуваат со цел развој и исполнување на мисијата наСлоу фуд да се обезбеди добра, чиста и правична храна.

Во текот на 2020 година превидени се предавања, трибини, фестивали и посети на локални производители во кои можат да се вклучат сите оние што ќе станат членови на Слоу фуд но и сите заинтересирани граѓани. Веќе во функција е страницата Slow food Prilep на социјалната мрежа Фејсбук каде граѓаните можат подетално да се информираат за работата на на ова здружение и да добијат упатство како да се зачленат доколку имаат желба и интерес.

Слоу фуд-Прилеп е член на Националната организација Слоу фуд Македонија која е основана во 2018 година, а освен новооснованиот конвивиум во Прилеп, постојат конвивиуми и во Битола, Водно, Дојран, Богданци, Осогово, Скопје, Гевгелија, Тиквеш и Валандово. Наскоро се очекува основање на конвивиумите во Охрид и Преспа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.