Започнува ТАНЦ ФЕСТ 2023 со „Таленти во движење“ на Кодартс танцовата компанија од Ротердам

15

Вечерва во 20 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе започне деветнаесетото издание на фестивалот Танц Фест 2023 под мотото „Танцувајќи создаваме иднина!“

На отаврањето ќе бидат доделени наградите МЕНАДА за поддршка на современиот танц,  на Универзитетот „КОДАРТС“од Ротердам Холандија, со кој Интерарт културниот центар соработува 15 години и со чија поддршка е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и на  Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој во 2017 година се вдоми Катедрата за современ танц. Наградите ќе ги примат директорот на Кодаратс танцовата компанија, Кит Рандолф, кој допатува во Скопје и проректорот за наука на универзитетот „Гоце Делчев“, професор д-р Зденка Стојановска.

По доделувањето на наградите, публиката ќе има можност да ја види претставата „Таленти во движење“ на Кодартс танцовата компанија од Ротердам, во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу Холандија и земјава. Гостувањето на оваа извонредна компанија, со млади и несекојдневно талентирани танчери, е поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и ќе ни донесе повеќе кореографии, од осум истакнати светски кроеографи, како Ед Вубе, Кит Рандолф, Рој Асаф, Андонис Фониадакис, Мациеј Кузмински, Јарек Чемерек, Лоранд Захар и Весел ван Острум. Со настапот на интернационалниот состав од осумнаест танчери на сцената, ќе можеме да уживаме во извонредната техника, софистицираност и експресивност која оваа претстава ја нуди, низ пејсажи на емотивен напој и креација.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.