Недела на вкусна италијанска кујна- Равиоли, фунги и рижото во различни вкусови на денешното куларт италијанско мени

601

Ravioli ripieni di fagioli e ricotta affumicata in zuppa di ortiche e cardi croccanti

Равиоли полнети со грав и чадена рикота, во супа од коприва и крцкава дива артичока

 

Состојки за 4 лица

90 гр вода

150 гр бело брашно

30 гр брашно од ориз

100 гр gr сув шарен грав

1 гранче целер

1 морков

1 кромид

4 листа лорбер

5 зрна див бибер

100 ге чадена рикота

30 гр нане

80 гр листови коприва

1 гранче од дива артичока

12 листа од добричица, за декорација

сол

масло

Постапка

Гравот се остава да кисне во вода најмалку 12 часа, потоа водата се исцедува, а гравот се става во лонец со ладна вода и се остава да врие. Откако ќе зоврие, гравот се цеди, а тенџерето повторно се полни со ладна вода во која се става гравот, гранчето целер, морковот, кромидот, лорберот и биберот и повторно се зоврива. На крајот гравот се блендира и се поминува низ цедалка за да се добие хомогена крема.

Чадената рикота се ренда и се додава во кремата од грав.

Од брашното и водата се замесува еластично тесто и се остава да одмори 15 минути. Потоа се развлекува и од корите се прават равиоли кои се филуваат со кремата од грав.

500 мл вода се загрева до вриење, а потоа се трга од оган и во неа се става нането да стои 10 минути. Потоа водата се процедува. Во меѓувреме листовите коприва кратко се варат и потоа се ставаат во блендер заедно со една лажица масло и водата со вкус на нане и од тоа се добива супа. Се додава сол и бибер по желба.

Гранчето од дива артичока се сече на коцкички и многу кратко се зоврива.

Равиолите се варат во солена вода, се цедат и се ставаат во тава да се запечат од долната страна.

Послужување.

Во длабока чинија се ставаат во средина коцкичите од дива артичока, а околу нив се редат 5 равиоли. Сето се полева со супата. Се декорира со листови од добричица.

 

Riso all’acqua

 Ориз

 Ingredienti per 4 persone:

 Состојки за 4 лица

 240 гр ориз

2 л вода

60 гр сушени капери во прав

35 гр цедрат

160 гр планински путер

160 гр Пармиџано Реџано

30 гр шеќер

15 гр гел од лимон

3 гр никулци од сончоглед

Постапка:

Цедратот се кандира така што се сече на мали коцки и се става под вакуум со вода и шеќер.

За гелот од лимон: лушпите од лимон се бланшираат 6 пати (секојпат се започнува со ладна вода), а потоа се блендираат заедно со сок од еден лимон.

Каперите се сушат така што се ставаат во плех и се печат во рерна на 180 степени час и половина, притоа отварајќи ја повремено рерната за да излезе влажноста. Штом ќе се исушат се мелат за да станат прав.

Во тава се пропржува оризот и потоа постепено се залева со зовриената вода додека се вари 11 минути. Штом е готов надвор од оган се завршува готвењето со додавање на путерот и пармезанот. Се остава неколку минути да стои, покриен со крпа.

 

Послужување:

Оризот се сервира во чинијата со помош на тркалезен калап, се поросува одозгора со капери во прав, се додаваат коцкичките кандиран цедрат и неколку капки гел од лимон и се декорира со никулци од сончоглед.

Riso, caffè, anice nero e sale alla liquirizia

Ориз, кафе, црн анис и сол со арома на сладунец

Состојки за 4 лица:

 160 гр ориз

За бујонот:

1 литар вода

500 гр телешко месо (мускул)

5 гр кафе во зрно

1 гр црн анис

1 гр сол.

 

Пред сервирање:

50 гр путер

50 гр Пармиџано Реџано зреен 36 месеци

За сервирање:

0,5 гр сол со арома на сладунец

25 гр прав од кафе

Постапка: за бујонот месото се вари во експрес лонец заедно со водата и зрната кафе, штом лонецот ќе засвири се остава уште 45 минути на тивок оган. Потоа бујонот се филтрира и му се додава црниот анис 30 минути за да добие арома. Анисот се вади и бујонот повторно се загрева.

Во тава се пропржува оризот на малку стопен путер, потоа се залева со малку бело вино и се остава да испари алкохолот. Се посолува. Се готви со постепено додавање на бујонот, околу 17 минути. Надвор од оган се додаваат путерот и пармезанот и се меша.

Се послужува поросено  со ароматична сол и со кафе во прав.

 

Risotto all’acqua di tartufo e funghi.

Рижото со тартуф и печурки

Состојки:

320 гр ориз сорта Vialone nano

600/700 мл бистра супа од тартуф

40 гр планински путер

50 гр печурки

40 гр Пармиџано Реџано – рендан

Ладно цедено маслиново масло

Сол

Постапка:

Бистрата супа од тартуф се подготвува така што во бујон од целер, морков и кромид, при крајот се додаваат парчињата тартуф, а потоа сето се цеди и дополнително се редуцира.

Печурките се сечат на средно големи парчиња, за да останат месести и по готвењето. Неколку поголеми печурки се сечкаат на мали коцкички и се чуваат за подоцна.

Оризот се пропржува на кратко со малку масло, а потоа се вари со постепено додавање на бистрата супа и малку сол, околу 9/10 минути.

Кога е готово се додаваат ситните коцкички печурки, путер и пармезан и се меша. Се додава сол по потреба и се остава неколку минути да отстои.

Во висока тава се загрева малку масло со сол и на него кратко се пропржуваат крупно сечканите печурки. По потреба се додава сол.

Оризот се послужува на чинија и се гарнира со печурките.

Risotto mantecato ai ribes rossi e ricotta di capra

Рижото со рибизла и козја рикота

Сотојки за 4 лица:

280 гр ориз сорта балдо

80 гр путер

80 гр козја рикота

60 мл сок од рибизла

0,3 гр ксантан

10 гр рибизла во прав

1 литар растителен бујон

12 листови од крбулица

25 гр пармиџано

6 гр сол

Постапка

Бистрата супа од тартуф се подготвува така што во бујон од целер, морков и кромид, при крајот се додаваат парчињата тартуф, а потоа сето се цеди и дополнително се редуцира.

Печурките се сечат на средно големи парчиња, за да останат месести и по готвењето. Неколку поголеми печурки се сечкаат на мали коцкички и се чуваат за подоцна.

Оризот се пропржува на кратко со малку масло, а потоа се вари со постепено додавање на бистрата супа и малку сол, околу 9/10 минути.

Кога е готово се додаваат ситните коцкички печурки, путер и пармезан и се меша. Се додава сол по потреба и се остава неколку минути да отстои.

Во висока тава се загрева малку масло со сол и на него кратко се пропржуваат крупно сечканите печурки. По потреба се додава сол.

Оризот се послужува на чинија и се гарнира со печурките.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.