вторник 23 април, 2024
Почетна КУЛТУРА Театар Охридско лето 2019-После свеченото отворање со концертот на Венеса Меј, фестивалот ја...

Охридско лето 2019-После свеченото отворање со концертот на Венеса Меј, фестивалот ја започна и драмската програма

1135
„Самрак на боговите“ е претстава која обработува исклучително тешка тема, фашизмот и безнадежните позиции и страдања на човекот во тоа време. Покрај таквиот предизвик, актерската екипа на Театарот од Марибор, вчеравечер ја донесе со  извонредна театарска игра, пред верната публика на Фестивалот Охридско лето  на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Дејството во претставата е сместено во куќата на имотното германско семејство фон Ешенбек. Две ноќи пресудно влијаат врз животот на целото семејство, и на целокупното германско општество, но и на европскиот и светскиот поредок…….. Секаде се провлекува идејата за некоја подобра држава,која ли е таа?

Според селекторот на драмската програма на „Охридско лето“ 2019, режисерот  Александар Поповски, овој словенечки-мариборски ансамбл  „Драма“ е во голем подем, а има и многу млади квалитетни актери. Комплетната програма на годинешново Охридско лето нуди многу освежувања, различности и предизвици и во музичкиот и во драмскиот дел од програмата.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }