После овациите во Лондон и Њујорк македонскиот пијанист Симон Трпчевски вечерва ќе настапи во Филхармонијата во Париз

20

По Лондон и Њујорк, македонскиот а светски  пијанист Симон Трпчески заедно со  легендарниот виолинист Максим Венгеров, вечер ќе настапат на сцената на Филхармонијата во Париз.

Во рамки на нивната мини-турнеја на најпрестижните светски сцени која двајцата уметници ја започнаа на 10 јануари со настап на сцената на Лондонската сала „Барбикан“, следеше вториот концерт на тандемот Венгеров-Трпчески, во преполната сала во Карнеги Хол во Њујорк, каде присутните со стоечките овации, двајцата врвни уметници ги наградија со дури три изведби на бис.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.