ПРЕД КОНЦЕРТОТ ВО БЕЛГРАД: Рамбо Амадеус ги одбегнува мејнстрим медиумите

154

(фото Ангел Ситновски)

Црногорскиот музички мегацар, како што го нарекуваат, Рамбо Амадеус, подготвува концерт, на 21 ноември од 20 часот во Домот на синдикати во Белград, од каде ќе има и онлајн стриминг.
Често објавува за своите претконцертни активности, нешто што привлекува внимание низ цел Балкан, до каде се протега неговата мегапопуларност.
-Следете ги мојот официјален сајт, ФБ, Инстаграм, ЛИнкедин, Јутјуб, таму ќе ги најдете сите податоци за концертот кој следува и за другите мои активности.
Над тоа, гледам да се не врткам наоколу без потреба. Имам недоволно допирни точки со мејнстрим медиумите и со мејнстрим аудиториумот, па било какво излегување во тој вид на јавност ми е одвишен, и ме деконцентрира, и ме спречува во изразувањето. Еве на пример контрабасот- се обидувам да го свирам без познавање на било каква правилна техника, ниту со амбиции да му пристапам исправно. Толку ми се допаѓа, напиша на страната на фејсбук на која е објавен настанот. Од таа страна ја позајмивме и оваа снимка од неговата проба. За подобар квалитет посетете ја неговата страница за концертот.

https://m.facebook.com/events/889193625301883?notif_t=plan_edited&notif_id=1634316108029919&ref=m_notif

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.