Скопски џез фестивал 2022 во подготовка на нови календари

45
smart
Денеска во Макка бар се одржа џез-матине по повод промоцијата на новите календари за 2022 година, на Скопскиот џез фестивал, во варијанта – голем за на ѕид и мал за на бироа.
smart

Присутни беа преставници од медиумите и од уметничкиот свет на Скопје, а пред нив настапи триото на џез- гитаристот Филип Букршлиев, кој е актуелен добитник на наградата најдобар млад џез-музичар во Македонија.

Триото го сочинуваат- Филип Букршлиев – гитара, Андреа Мирческа – контрабас, Славчо Коцев – тапани.
Календарот е во изработка на Жига Коринтник, постојаниот соработник на нашиот најславен фестивал.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.