20.02.2022 – 22 години поминаа откако од овој свет си замина момчето со црвена коса, талентираниот актер со неверојатен сјај во очите -Игор Маџиров

154

Малку како неверување ми дојде информаијата дека поминаа цели 22 години откако овој свет го напушти момчето со црвена коса,талентир аниот актер со неверојатен сјај во очите – Игор Маџиров.

Соработувавме во Македонската Телевизија а јас како сценарист на епизодата „Малиот Петар “ од серијалот “Во светот на бајките“ додека го сценариот за таа непозната но многу интересна нордиска бајка,секогаш пред очите ми излегуваше ликот на Игор, кого го знаев од снимањата и претставите во Театарот за деца посебно по неговата улога во претставата „Могли“.

И секако се случи незаборавниот лик на Игор како Малиот Петар, кој сеуште многумина го паметат. Со цело срце можам да кажам дека Игор беше еден од најдобрите актери во Македонија, кој за жал прерано го напушти овој свет.

Имаше забележливи улоги во најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“, кандидат за највисоката холивудска филмска награда Оскар. Јавноста го памети Маџиров како актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, а првата улога како седумгодишно дете ја добил во филмскиот серијал „Белото циганче“.

Работевме заедно на еден образовен проект “Чекорења по знаења“ каде со неверојатна прфесионалност и грижливост доаѓаше на снимањата и ја работеше улогата соработувајќи со другите учесници.

Претставата „Убавицата и ѕверот“ во Театарот за деца и млади беше последна за него, кога својата улога ја одигра само осум часа пред неговата смрт, кога момчето со црвена коса, голем  актерски талент и неверојатен сјај во очите, низ кој се гледаше една длабока тага која вешто ја криеше замина од овој свет. Игор имаше уште многу да даде во сферата на актерството, но за жал сето тоа остана далеку во минатото.

Татјана Гогоска 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.