25.септември – Гала оперски концерт во Македонската опера и балет

538

По пауза од неколку месеци, поради глобалната пандемија предизвикана од коронавирусот, Македоднската опера и балет ќе одржи ексклузивен гала оперски концерт и балетска претстава на отворено, под ѕвездите, насловен како „Опера и балет под ѕвездите“.

На 25.9.2020 со почеток на платото пред  Македонската опера и балет (Плоштад „Мајка Тереза“) ќе се одржи ексклузивен оперски гала концерт со солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Владимир Саздовски (бас), во придружба на Оркестарот на Операта, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

НАПОМЕНА: Влезот за публиката ќе биде отворен во 20.30 ч., почеток на настанот е 21.00 ч.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани на отворено, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска. Билетите се во строго ограничен број се пуштени во продажба онлајн на www.karti.com.mk

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.