“Бизнисот на задоволството” влегува во македонските киносали 

29

Филмот “Бизнисот на задоволството” во кината низ Македонија почнува да се прикажува на 19.09.2024 година во 19.30 часот.

Во Скопје премиерата ќе биде во кино Синеплекс.

„ Бизнисот на задоволството”: откако ја изгубила својата најдобра пријателка како жртва на трговија со луѓе, една новинарка опсесивно работи на својата цел да ја разбие мрежата за сексуално ропство. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Режисер: Гоце Цветановски.

Продуценти: Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Актери: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.

Времетраење: 97 минути.

Филмот „Бизнисот на задоволството“ летово се закити до над десет признанија на меѓународните филмски фестивали во светот. Досега доби три награди за најдобар филм во Јужна Америка, а овој месец ќе ја има и својата бразилска премиера на 32. издание на Еко Сине интернешнал филм во Сао Пауло.

Финансиран е од Агенцијата за филм.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.