ДУШКО МИНОВСКИ, ЕКСПЕРТ: Социјалниот живот е барометар на благосостојбата во еден општествен систем!

627

Социјалниот живот во една земја е основа за задоволни граѓани нејзиниот развој и просперитет. Оттука да се зборува за социјалните теми е секогаш важно и потребно. Господинот Душко Миновски е експерт во оваа значајна општествена област.
Како советник и стручњак, 30 години присутен во оваа област, а вработен во Министерство за труд и социјална политика, најпрво да Ве прашам колку имаме корисници на социјални услуги по сите основи?
-Токму така Валентина, социјалниот живот е барометар на благосостојбата во еден општествен систем. Инаку социјални бенефиции (социјални помошти по разни основи) кај на во РМ користат околу 40.000 граѓани.
Луѓето кои се корисници на социјални услуги на кој начин може да се информираат и да пристапат до истите? Од искуство Ви говорам дека за туѓа нега се чека и по 8 месеци. Зошто е тој недозволив застој кога денес се е, што се вели, на компјутер и на едно копче?
-Секогаш во подрачните единици на Центрите за социјална работа се должни да им дадат почетни информации за можноста за реализација на одредени права. Застојот во правото на нега од други лице е само заради избрзаната реформа на екс Министерката Царовска, бидејќи во минатото постапката комплетно се реализираше преку Центрите за социјална работа а комисијата за проценка дали има услов да се користи ова паво, беше во рамките на Министерството за труд и социјална политика. Сега со реформата Центрите преку матичните лекари ги препраќаат во повеќе надлежни комисии кои се во рамки на Министерство за здравство и тука настанува застојот- недоволна координација системска!
Оние кои користат социјални услуги во принцип се луѓе кои зависат и од тие малку средства. Доцнењето на исплатата за нив можеби значи и скратување на оброк или немање пари за сметки. Доколку на време не се добие, дали имаат право да пријават на инспекција, која е процедурата и на кој број може да се јават?
-Секако дека на многумина корисници на социјални бенефиции често пати тоа им е единствен извор за егзистенција. Иако мора да се констатира дека луѓето се снаоѓаат на секакви можни начини, па од таму имаме зголемена сива економија. Доколку има застој во исплатата или некаков друг проблем најдобро е странките да се обратат лично во подрачната единица на Центрите за социјална работа кај непосредно одговорниот стручен работник кој е надлежен за нивното место на живеење.
Министерството за труд и социјална политика постојано не информира за некои нови реформи, дел од нив на јавноста не и се доволно објаснети. Се се одвива некако набрзински. На пример што се случи со инклузивноста? Дали секаде се изградени пристапи за луѓето кои отежнато се движат? Јас знам дека има се уште има доста реакции, речиси во повеќето згради, институции, секаде каде не се изградени пристапни патеки, мостови или скали, лифтови и сл.
-Да современите времиња носат и нови/современи проблеми и предизвици. Па од таму неизоставни се нови современи интервенции и реформи за справување со истите. Инаку мора да напоменам дека РМ ја има потпишано и ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ООН уште декември 2011 та година. Но, добра Ви е забелешката се уште имаме нереализирани обврски со пристапноста на сите јавни објекти за сите па и за лицата со хендикеп. Недозволиво е да во денешно време не можат нормално да пристапат децата, возрасните и старите лица со попреченост на пример во: градинките, училиштата, медицинските установи, културните установи итн. Тука станува збор само да може да пристапат а да не збориме после тоа колку се функционални за користење на истите (тоалети, мензи, сали за состаноци и сл).
Инклузивноста на деца со посебни потреби е уште една горлива тема. За нив нема посебни домови во сите градови, а онаму каде се ставени заедно со другите деца, родителите стравуваат од две работи – од една страна тие дополнително да не се исфрустрираат што не ќе може да ги постигнат резултатите на своето другарче. А од друга страна и нивното другарче да не поприми имитативни симптоми. Како треба да се решаваат тие ситуации?
-Ова е исклучително горливо прашање за сите родители на деца со посебни потреби. Од една страна треба да се следи светскиот тренд за генерална инклузија на децата во градинките, центрите за ран детски развој, училиштата, факултетите, но од друга страна факт е дека сите деца не можат да се инклузираат во редовните паралелки поради видот и тезината на самиот хендикеп. Од таму зачудува фактот да при сите организирани дебати, симпозиуми, округли маси актуелните представници на власта (миистрите, државните секретари и др.). не ги зимаат за релевантни укажувањета на најрелевантните: професорите на катедрата за дефектологија при Филозофскот факулетет при Кирил и Матодиј. Истиот препорачуваат инклузија на сите но не генерално туку со изготвување на индивидуални планови за секое дете поединечно. Тоа подразбира сериозни вложувања но оваа реформа нема цена!
Беше скандал кога се откри дека ромските деца беа ставани во исти паралелки со децата со посебни потреби, само затоа што припаѓаат на пониско социјално милје и беше протолкувано како дискриминација. Се презеде нешто во однос на овој проблем?
*Да токму така, неедуцираноста на овие деца или нивната воспитна запуштеност не требаше да имплицира вклучување во специјални училишта и паралелки. Под мониторинг на ЕУ се пристапи кон анализа на оваа состојба и истата до некаде се поправи со постојани контроли, опсервација на овие дечиња и нивно прераспоредување во редовните училишта и паралелеки. Се уште има одредени пропусти но под мониторинг на ситуацијата и Одделението за ромски прашања при МТСП, состојбата видно е подобрена.
Групните домови е уште една новина последниве години. Како функционираат тие, подобро или не од поранешните Домови за деца без родителска грижа?
-Малите групни домови, станбените заедници за живеење со поддршка, згрижувачките семејства се форми кои имаат свое место во понапредните системи на западните земји. Факт е дека од установа со 100 деца и живење чопоративно, сега има услови да бидат во амбиент со 7-деца и воспитувачи 24 часс. Но, повторно се нагласува исфорсираноста на ткн. реформи каде преку ноќ се извадија сите штитеници и се префрлија да живеат во други амбиентални услови како малите групни домови. Таму владее една општа неприлагоденост за живеење во такви услови каде секој малолетник сега има обврска и да се грижи за своето катче на престојување. Значи оваа реформа е добра но сепак станува збор за повеќегодишен процес на реализација а не вака преку ноќ.
Една од побучните теми во изминативе години беше воведување на сексуално обраозвание во основните училишта и прифаќање на ЛГБТ заедницата, но за жал во јавноста се стекна голем отпор, најмногу поради што беше недоволно објаснето и поради избрзани и за поголемиот дел од граѓанството шокантни и несфатливи активности. Кој е Вашиот став по однос на ова прашање?
-Самата тема од секогаш будела интерес кај јавноста пред се заради табуата кој владеат на овие простори но и заради конзерватиниот општествен контекст. Имено, факт е дека на овој степен на цивилизациски напредок во светот па и кај нас, ера на интернет и достапност на информации, мора сериозно да се размисли и секако воведе сексуално образование на децата прилагодена согласно нивната возраст и емоционална зрелост. Но, се што е исфорсирана мерка, наметната од запад по секоја цена како и разните експерименти кои немаат предиспозиција да на еден суптилен начин, етапно и пред се базиран на наука им ги развие и потикне непознатите прашања за сексуалноста и разликите меѓу половите, ќе биде насилно, искарикирано и без посакуваните ефекти.
Бидејќи често помагаме или лекувале луѓе со собирање средства на разни начини, јавнпста знае да се посомнева и во добронамерноста на многу хуманитарни акции и манифестации. Дали МТСП е одговорно за издавање дозволи, или секој може да организира што сака? На кој начин државата го контролира тој дел?
-И во многу поразвиени земји се практикува организирање на хуманитарни акции кои имаат своја хумана предиспозиција пред се. МТСП може да организира повеќепартитно организирање на вакви акции сами но и во непосредна корелација со локалната самоуправа, разни граѓански организации, Црвениот крст и други актери кои имаат вакви намери и цели. Се нема искуство бар во МТСП за некакви злоупотреби но тука дефинитвно ако се воочи нешто такво треба примарно да се ангажираат органите на МВР.
Донесувањето закони од областа на социјална политика, знаеме, не смее никако да е паушално, произволно и лаички, ни со луѓе како паднати падобранци. Одлуките мора да се базирани на мислења и искуства на стручњаци кои беспрекорно ја познаваат одредена област и пожелно е да имаат и потесна специјалност во одредена област. Дали во вашето министерство дали се цени искуството и познавањата на оние кои со години децении работаат на одредена проблематика ?
-Токму така самата постапка на носење на нов закон, или измена на постоечки закон е целосно пропишана и има повеќе филтри кои законското решение го прават целисходно и квалитетно кон крајните корисници. Но, се има впечаток дека разните форуми, состаноци, округли маси често пати се рутински организирани без вистинска апсолвираност на одредени состојби поради кое се носи законското решение. Долгогодишната партизација на администарцијата си остави свој негативен белег и од таму имаме или формално вклучување на лица со искуство и пракса или до нивно тотално негирање (!?). Ова е сериозна пречка во реализацијата на квалитетни решенија со законски префикс кои би требало да бидат пред се во функција на унапредувања на правата на граѓаните!

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.