Елица Перчинкова – Магијата на плетењето од свој агол

662

Плетењето за мене тоа не било само плетење на: ракавици или капа,шал, плетењето секогаш ми претставувало  еден вид на магија. Од нитката обичен конец и со игла креирате нешто свое, нешто што сте го замислиле во својата глава, ја внесувата вештината но и вашата креација, енергијата на вашата  мисла, се со цел  да создадете нешто за себе или за своите најблиски.

Не се работи само за крајниот производ, туку за тој магичен процес во тишината кога плетете. Можете да го наречете модерна јога, бидејки навистина носи мир и спокој како јогата

Првите записи за пелтењето како вештина во Европа се појавуват во 14 век кога плтењето се сметало за потребна и практична вептина. За многумина било и начин за заработување за некои пак било задоволство во изразување на креативноста и пополнување на слободното време. Но, денес тоа преставува практична холистичка терапија бидејки се вклучува и телото и умот. Погодно за сите, добро и за почетници а плетивото можете секаде да го понесете. За придобивките веќе пишувавме од намалување на стресот до радост и задоволство од креацијата што сме ја направиле.

Оваа вештина на рацете носени од умот икреацијата , помага во ублажување на болките, мозокот се окупира со креативнсот па нема време да се занимава со други работи. Плетењто е добро за флесибилнсота на шаката, па сите ние кои поминуваме премногу време пред компјутерот,  многу ќе ни помогне да ги намалиме болките во прстите и шаките. Ги намалува болките од артитот, се разбира со умерена активност во плетењето.

Помага во одвикнување на некои зависности како пушењето, претерано јадење, малку е тешко во сито време да се јаде и да се плете.

За мене најголем прдобивка е убавината, мирот , спокојот и радоста кога ке го видите резултатот. Ја зголемува концентрацијата, коордоиацијата и трпеливоста а прекрасен начин за дружба со децата да ги тргнете од модерните уреди за комуникација.

Затоа немојте да чекате, придружете ни се на нашата работилница за медитативно зен плетење. Можете да го донесете и вашето дете па заедно да нучите нова вештина.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.