Евровизија е многу важна споредна работа во Европа-Успехот на Тамара е само нејзин

712

И уште нешто за Евровизија 2019

Пишува Татјана Гогоска

Македонската претставничка Тамара Тодевска со нумерата “Proud”, на сцената на годинешниот Евросонг 2019 во Тел Aвив- Израел, направи да се чуствуваат среќни и горди, многу вљубеници на музиката а најмногу од сите Тамара треба да е Горда на себеси….. заслужено.

Со својот настап и извонредна интерпретација, на нумерата и даде нов дух и нова димензија, која не ја остави рамнодушна Европа.

 

А сега за гласањето и полемиките што се водат околу пласманот, украдената победа, обвинувањата на Македонската Дијаспора.

Знаејќи ги сите состојби на гласањето на Евровизија, се виде дека според добиените шест 12-ки и  поени безмалку од секоја земја учесник, музичките жирија го забележаа одличниот настап на Тамара и соодветно ја наградија. Токму поради тоа беше прва на листата од поени долго време, речиси целиот тек на гласањата од жиријата. Одличното осмо место, со самото тоа е во Топ 10 на Евровизија 2019 е огромен успех.

Околу гласањето и обвинувањата исклучиво кон Македонскат Дијаспора. Одговорни за лобирањето и организирање на гласови од публиката низ земјите учеснички, исклучиво е работа на Јавниот дифузен сервис, кој е и организатор на учеството на Македонија на Евровизија. Штета што повторно тимот од МРТ чекаше Тамара се сама да направи. Да настапи, да отпее, да ја оживее нумерата на авторите и да се доближи до европската публика. Овој дел требаше тие да го изработат.

Бидејќи се многу свежи и отворени раните  на милиони Македонци низ светот, на кој дури и им се ускратува правото да се напишат како Македонци, а името „Северна“ за нивната вековна Македонија им е рак рана, требаше да знаат и да очекуваат, дека дијаспората нема да гласа. И од каде сега толку омраза и тоа исклучиво кон Македонската дијаспора? Бидејќи во измисленава држава сите сме граѓани на СРМ, зошто не се плука по албанската дијаспора од државава? Или тие по дифолт се очекува да гласаат за Албанската претставничка, која многу мизерно леташе орли на најавната бина, и во green room , најавувајќи ја нивната замислена Голема Албанија?

И сега додека сите се  горди на успехот, посебно власта не треба да биде горда. На успехот треба да е PROUD исклучиво Тамара . Требаше, ама нема кој да им каже, Владата ако веќе сака да си ја промовира својата вештачка Северна творба да организира гласање. А не се да се сведува на  навреди и говор на омраза кон Македонската Дијаспора

И затоа успехот на Тамара е исклучиво нејзин. Таа со својот настап и изведба ја освои Европа. И токму  затоа е уште пожално дека со неизработената работа околу лобирањето на МРТ тимот кој е  многу важен сегмент, со одличен настап да се има  пропуштена шанса за победа.

А ние како народ навистина не заслужуваме држава и со право ни исчезнува пред очи!  „Човекот на човек волк“, рекол Томас Хобс, а тоа најмногу важи за Македонците.

Доста се плукате и навредувате меѓу себе Македонци!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.