На 26 јули 2024 година во Кино Фросина- МКЦ во организација на Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС подржано од Град Скопје и Институтот за истражување на политики Ромалитико и УСАИД се одржа првиот интернационално традиционален поетски фестивал “Заедно за Скопје” во чест на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.
На фестивалот зедоа учество 130 поети од 40 држави од светот.
Гости на фестивалот беа:
-Градоначалник на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска
-Аташе во Амбасадата на Руската федерација во Македонија – Светлана Иванова,
-Аташе во Амбасадата на Руската федерација во Македонија- Ана Козлова,
-Прв секретар во Канцеларијата за јавна дипломатија на грчката амбасада- Флорентиа Киортси,
-Претставници на институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико,
-Поранешен амбасадор на Република Македонија во Арапска Република Египет-Генерал Миле Манолев,
-Почесен конзул на Монголија во Македонија Г-дин Ли Јамдагнанчивин,
-Претседател на Светски Македонски Конгрес Г-дин Тодор Петров,
-Претседател на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија Проф. д-р. Зенделабедин Шехи,
-Претседател на здружението Македонската преродба, поранешен претседател на здружението на архитекти и надворешен соработник на МАНУ, Г-дин Вангел Божиновски,
-Претседател на IFBI , Глобален амбасадор на Комонвелт, Меѓународен амбасадор на IAIC Г-дин Махмоуд Елколали,
-Претседателка на Здружението на просветни работници на град Скопје Г-ѓа Катерина Сирма Митковска,
-Претседателка на Здружението на писатели на Куманово г- ѓа Елизабета Павловска,
-Претставник на Италијанско- Македонска стопанска комора во Македонија М-р Роза Радевска,
-Претседател на Здружението Романиланд Јавни г-дин Рамче Мустафа,
-Претседател на Здружението Хуманост 2022 Г-дин Дејан Петанчевски,
-Претседател на Здружение на телесни инвалиди Мобилност Скопје г-дин Гоце Миновски,
-Претседателка на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов симдром Трисомија 21 г-ѓа Јамболка Димитрова,
Директор на МКЦ г-дин Арбен Шаќири
Писатели од Македонија и странство.
По воведното обраќање на Претседателката на Здружението М-р Билјана Челик беше доделено признанието за животно дело “МАКЕДОНСКИ ФЕНИКСИ” за посебен придонес во областа на литературата на црногорскиот писател Миодраг Миња Милачиќ за чиј 30 годишен творечки опус беше прикажано видео и говореше Претседателка на здружението ФЕНИКС.
Црногорскиот писател е лауреат на фестивалот “Заедно за Скопје” и доби “Златен Феникс” , монографија за град Скопје, уметничка слика од сликарската Оливера Иванович и комплет книги во издание на здружението ФЕНИКС.
Беа прикажани видео рецитации од странски автори, а со свои рецитации настапија присутните автори.
Во музичкиот дел свое учество земаа оперскиот пејач добитник на голем број домашни и меѓународни признанија -Давид Миладинов, маестралната Бајса Арифовска – композитор и инструменталист која свири на повеќе од 15 инструменти, Јулија Мациевска, ансамблот за народни песни “Вања Лазарова”, членовите на здружението за подршка на лица со Даунов симдром- Трисомија 21.
Кандидатот за Нобелова награда за мир сликарот Живко Поповски Цветин во текот на настанот создаваше свои дела кои ги подари на присутните .
Градот Скопје и Институтот Ромалитико добија подароци од страна на Здружението ФЕНИКС а сите автори добија благодарници и алманах 5 “Заедно за Скопје”.
Во продолжение поезијата “Ако икада” на Лауреатот “ЗЛАТЕН ФЕНИКС” авторот Миодраг Миња Милачиќ
АКО НЕКОГАШ
Ако некогаш зачекорам во зората без тебе,
И побелената коса ги покрие нашите зими и лета,
Ако некогаш насликам брчка во твоето срце,
Ако те оставам на половина лето.
Ако некогаш почнам да сонувам без тебе,
Ако темниците ми шепотат тага,
Ако некогаш тѐ пуштам на темнината која повикува,
Ако го изгаснам сонцето да плаче со виножитото.
Ако ова јаве некогаш започне без тебе,
Ако некогаш се обидат да ни ја изгаснат свеќата,
Ќе знаеш дека нашата љубов живее, воскреснува,
А мислевме дека сме мртви на крстот.