Главната структура на катедралата Нотр Дам e спасена

335

Главната против пожарна служба во Париз објави дека  огнот на големиот разорен пожар, што ја зафати вчера попладне откако Катедралата била затворена за дневните посетители, е локализиран во три часот утрово.

Огнот најпрвин се појавил на поткровјето а по подолго разорување на пожарот коe не можеа да го стават подконтрола, се скрши главната купола и се урна. Не е позната причината на пожарот, но се верува дека има врска со процесот на нејзино реновирање.

Портпаролот на француската црква изјави дека штетата е непроценлива и дека внатрешноста на катедралата веројатно е целосно уништена. Се појавуваат и информации во француските медиуми кои потенцираат дека од 2017-та година било неколкупати укажувано на потребата за реновирање и спас на Катедралата поради опасноста објектот да се урне. Главното обележје на централен Париз и едно од најимпозантните во Франција е 850 години стара катедрала во готски стил која  годишно ја посетуваат 12 милиони туристи.

Останува зачуваната конструкција на импозантната Катедрала, со највеличествен витраж и бесценети уметнички дела, како основа можеби за нејзино обновувањe.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.