Хуманост на дело- Леб за сите, трагична цел за поединци и пораз на општеството

970

Свесни сме дека многумина, илјадници граѓани на земјава се соочуваат со основниот проблем – како да се прехранат. Жалосно, длабоко навлезени во 19-тата година од 21 век, кога стремежот и достигнувањата на поединци е далеку во височините, маса народ да се соочува со основниот животен проблем-обезбедување на леб за себе и своето семејство.

Со емпатија ги примаме информациите, како таа од пред еден месец дека на влезот на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир, двајца сопственици на една компанија покренаа хуманитарна акција. Делат бесплатен леб за сите оние кои немаат можност да купат. Пред нивниот дуќан поставиле полица на кој пишува „Бесплатен леб за сиромасите“.

Во текот на денот се поделуваат околу 100 векни леб. 16-годишниот Фисник Сулејмани доброволно го пакува лебот во ќесиња и го реди на полицата.

Одвреме навреме ќе протечат информации дека некоја друга пехара или пициерија во Скопје или внатрешноста, дека дава бесплатен оброк за сиромашни..и сето тоа побудува покрај емпатија и револт?

Заслужува ли било кој човек во денешно време, да се соочува со недостаток на средства за да обезбеди основна егзистенција? Да не зборуваме за достоинството како човечко суштество или за неговото вклучување во општетсвениот живот преку работа. Сиромаштијата царува за жал кај голем број на граѓани,а од друга страна имаме голем процент на оние кои живеат незаслужено во благосостојба.

Додека не ги надминеме овие основни егзистенцијални загрижувачки состојби, сепак хуманоста од поединци ќе биде за поздравување.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.