Куларт објавува конкурс- Избираме три литературни дела на кои ќе им организираме промоција

1733

Порталот Куларт.мк, секојдневно се грижи за сите сегменти на културата, настани, афирмирање на сите творци во сферата на уметноста, литературата, филмот..потикнувајќи содржини кои Ве информираат, воедно Ве прават посреќни и креативно поисполнети.

Секоја среда објавуваме поезија по избор од нашиот уредник на рубриката Licentia poetica -Филип Димкоски, на поети од Македонија но, и од околните Балкански земји и даваме простор на убавиот пишан збор. Ги следиме сите настани во областа на нови изданија, промоции, награди и слично во рамки на литературата.

Затоа, одлучивме на тројца автори и нивните книги да им организираме промоција на делата, за што Ве повикуваме доколку сте заинтересирани да ни пишете во инбокс на фб страницата на куларт или на нашиот меил [email protected] :

-Наслов и кратка содржина на делото

-Автор и кратка Биографија

По изборот,авторите ќе бидат контактирани и ќе следи Договор околу самиот настан. Промоцијата ќе се случи во Бифе Тафталиџе, на 13 септември (петок) „Да го разбиеме малерот со убав пишан збор“ , од 19 до 21 часот.

Ве очекуваме!

Конкурсот е објавен на 22 август и трае пет дена !

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.