Културно информативен центар вечерва организира промоција на три литературни дела од 19 часот

1925

Вечерва во Бифе Тафталиџе  ќе се одржи промоција на три литературни дела во организација на Културно-Информативен Центар – Скопје. Ќе бидат промовирани книгите Брзозборливоод Снежана Паноска, “Алтани и други” од Александар Михајловиќ и ”Последната книга на планетата Земја ” од Филип Петровски.

Филип Петровски е роден на 26.06.1993 во Куманово. Дипломиран фаготист на ФМУ во Скопје. Зад себе го има и своето прво книжевно дело, книгата „Светот во Световите“ . Неодамна излезе и неговиот втор роман, пост апокалипса крими трилер „Последната книга на планетата Земја“. Рецензент е на неколку книжевни дела. Се појавува и како промотор на истите. Зема учество и во бројни музички манифестаци. Има бројни награди во областа на музиката како професионален музички уметникПост апокалипсичен крими трилер со научно фантастични елементи за крај на светот, романот „Последната книга на планетата Земја“.

Снежана Паноска  Член на ,,Клубот на литературни творци – Прилеп,,. Автор на стихозбирките ,,Песни од мојата душа,, , Илјада ѕвезди,, ,,Слики од животот,, и ,,Животен копнеж,,.Збирката за овој конкурс е ,,Брзозборливо,,, нејзина прва збирка поезија за деца…

Збирката содржи 72 песнички за најмладите, исплетени со вкус и од душа, гледајќи ги своите внучиња..Тука нормално се спомнуваат кучето, мачето и глувчето, како и ластовички, јаренце и пчќелички..Вреди да се види и прочита.

 

АлександаМихајловиќ,поет и автор на поетската збирка  “Алтани и други”    Роден 1971г. во Гостивар. Дипломирал на педагошкиот факултет во Скопје. Работи како наставник. Поезија пишува во последните две децении. Неговите поеми се објавени во заеднички портали а својата енергија и инспирација ја наоѓа во емоциите, љубовта, природата, планирањето. Поемите на Михајловиќ, инспирираат и поттикнуваат читателите да се пронајдат во поезијата.                                                                                                                                                                                                                             

Промотор на книгите, мр.Татјана Гогоска, а извадоци ќе чита Саша Шотаровски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.