Licentia poetica со Хелена Химел – Бродот што никој не го чека

626

Хелена Химел пишува песни и раскази кои се објавувани во бројни списанија, зборници и антологии. Добитник е на повеќе награди во Србија и во странство. Една е од добитничките на наградата „Доситеево златно перо“ во категоријата за млади до триесет години, како и на меѓународната награда Citta del Galateo во Италија. Соработник е со неколку интернет-портали. Го води блогот Љубовна кутија (Kutija ljubavi), кој опфаќа теми од уметноста (книжевност, фотографија, кулинарство, традиција).

 

БРОДОТ ШТО НИКОЈ НЕ ГО ЧЕКА

Звук на виолина,

брод и море

ти и јас, боси на палубата

во сонлива прегратка

заглавени

далеку од луѓето

пред самото цветање

на пустината Атакаме

каде што правиш хартиени бродови

додека сонувам дрвени јарболи

и твоите раце на кормилото.

 

Едрото носи

Мирис на арганово масло

Додека твоите прсти мирисаат на Пустински цвет.

Пиеме чај од мента,

во градината Менара.

Ги живееме најубавите зајдисонца.

 

Палми и снежини врвови

колач од цимет,

и некои тесни улици што личат на нас

бродови

за кои нема место на пристаништето.

Ти си весник на далечините,

на силните невремиња, на бродоломи

ги врзуваш зборовите во харар

и ги пуштат да ги носат некои тешки бродови.

Без сидра.

Оние кои патуваат таму,

Каде никој не ги чека.

 

Утро е,

слушам далги,

облечена во боите на летото

го барам бродот

што никој не го чека.

 

НИКОГАШ НЕ МИ ВЕЛИ ДЕКА МЕ САКАШ

Го закопчуваш последното копче на кошулата.

И гледаш како неспретно ја чешлам косата,

додека сонувам за некоја приказна.

Во која не се познаваме.

Така изгубени.

Занесени/

Чекајќи некои други луѓе

кои ќе не сакаат.

Себиќно,

Тајно/

Кои никогаш нема да не прашаат што нѐ болело

додека го испивавме    Dom Perignon

во напуштената зграда

на периферијата од градот.

Кои нема да нѐ прегрнуваат само во мрачните хотелски соби

и нема да нѐ држат за рака во некои далечнни градови.

Кои нема да нѐ љубат во ѕачадени и ладни соби,

во сеќавање на Момо Капор…

Причека да ја завршам приказната.

Ми закачи цвет в коси

и тивко излезе со зборовите:

Никогаш не ми вели дека ме сакаш.

 

ГРАДИНИ НА СЕЌАВАЊЕТО

Одам боса по непресушната Тоскана

по полињата со сончоглед, со пченица

Кожата мириса на маслинки,

на враќање кон лозјата,

на галоп на коњ.

На непцата ми е вкусот од Мамол,

додека земата мириса на цветови од портокал.

Со мојот фустан си игра ветерот

а ти бараш колиба, со месечината  в рака-

Далеку од куќата,

додека јас барам дом,

во полето со булки

потопена во вино

кое сме го скриле

во некоја одамна заборавена бочва.

Ја сонувам планината Пероне и пеперутките

шумски гребени и ѕлатни орли.

Како газиме грозје

облечени во сонце.

Ми ги скокоткаш ноздрите

со гранче од рузмарин

додека јас, по твојот стомак

цртам градини,

градини на сеќавањето.

Оние кои личат на „сончева светлост заробена во вода“.

Оние што траат/

Ме облекуваш во црни рибизли и боровинки,

ми ја водениш косата со вино

додека на твоите усни ги читам стиховите на Ујевиќ:

„Само сонот е стварност“

Препев од српски на македонски јазик: Филип Димкоски

Уредник на рубриката Филип Димкоси

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.