,,ЉУБОВ ЗА СИТЕ” – Со почит и достојна љубов кон Андријана Мациев

155

На 22.06.2022 година, во 19,30 часот во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности-Скопје /Педагошки смер/, ке биде отворена голема изложба на ликовни дела од Андријана Мациев-нашата вонвременска уметница, сега   Небесен Ангел,која на 12.05.2022 год.одлета во Божествената димезија.

Два настани во едно, затоа што Андријана го заслужи тоа, уште со своето битисување на Земјата. Огромно количество на љубов се слеа за нашиот Ангел, за мојата Ан, затоа што Таа беше Љубов и само Љубов даруваше-пишува во најавата за овој настан нејзината мајка Јулија.

 

Сите напишани стихови за Андријана, по повод нејзиното заминување, една прекрасна жена, писател и поетеса Гордана Такец реши да ги собере во книга и да ги издаде под покровителство на нејзината издавачка куќа ,,Графопром” Битола.

По тој повод свечана промоција на најпосебниот алманах составен од Љубов и автентични писанија за Андријана од автори, кои оставија парче душа на хартија и со тоа направија нешто безвременско, што ќе биде печат за едно исто такво безверменско постоење – Андријана Мациев.

Алманахот носи наслов ,,ЉУБОВ ЗА СИТЕ”-Мациев Андријана. Тоа се зборови на Андријана, кои таа имаше обичај да ги напише на крајот од своите пораки.

Огромна благодарност, до сите вас прекраcни души кои направивте да се случи еден ваков чудесен чин на Љубов и уште едно сведоштво, дека само Љубовта на чудесен начин, ѓи обединува и сплотува леѓето. Благодарност и до сите кои се вклучија во оранизацијата на овој проект и го помогнаа на најхуман начин-пишува Јулија.

Покана  до сите драги луѓе, кои сакаат да бидат дел од овој величествен настан-изложба на дела и промоција на алманахот,,ЉУБОВ ЗА СИТЕ” посветени на Ангелот Небесен Андријана, на  22.06.2022 во 19 и 30 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.