Почетна КУЛТУРА Театар Безвременскиот „Макбет“ на сцената на Македонскиот Народен Театар во оригинална и...

Безвременскиот „Макбет“ на сцената на Македонскиот Народен Театар во оригинална и свежа поставка

1511

За Шекспировиот „Макбет“на сцената на Македонскиот народен театар

пишува М-р Татјана Гогоска

Шекспировиот безвременски драмски текст „Макбет„, во препев на Богомил Ѓузел, вчеваречер премиерно, за прв пат беше изведен на сцената на Македонскиот народен театар, со режисерската поставка на Нела Витошевиќ, која на сцената донесе свежа претстава на стариот “Макбет”!

“Макбет“ како претстава носи со себе илјадници прашања, кои и денеска се актуелни и е драма-трагедија на целосните состојби и атмосфери. Макбет е претстава која ја раскажува болната амбиција зa власт, која носи во тиранија и на крај се уништува. Поставувајќи го личниот интерес над се и водејќи се од желбата за моќ која кај Леди Магбет се гледа низ синтагматa :„ Целта ги оправдува средствата, за поединци на власт  да владеат без грижа на совест“. Вака првично го објасна својот став кон Шекспировиот Макбет режисерката Нела Витошевиќ , која на софистициран, до детал разработен начин и одличен мозаик на сите елементи во драмата, го донесе на сцената на Македонскиот народен театар.

Можам да кажам дека „Макбет“ е моќна театарска продукција, која  се гледа низ комплетно разработениот проект за кој, на екипата им требало четири месеци активна работа да го подготват, а како што велат самите, големата позитивна енергија и сплотеноста на екипата во сечија креација и уште еднаш одличната режисерска разработка на Нела Витошевиќ, донесоа комплетно одлична претстава.

metropolis-big