Македонскиот филм „Медена земја“ со уште Меѓународни награди

1264

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ од  Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е  добитник на наградата „Најдобар интернационален филм“ на 21 издание на Интернационалнот фестивал за документарен филм во Тел Авив, Израел.

„Стручното жири кое едногласно одлучи да го награди филмот со оваа висока награда во своето образложение ја истакна неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството и оди уште подалеку станувајки фасцинанетен портрет на една извонредна жена. Жирито беше поттикнато од интимната медитација за кршливоста на човековото постоење во неговата длабока поврзаност со Природата“, стои во соопштението.

 

Приказната e за животот на Хатиџе Муратова,  една од последните пчеларки во Европа.Таа  се уште го извлекува медот од природни колонии и се труди да не го наруши природниот баланс со човечката ненаситност, бидејќи ако еден го скрши правилото сите ја плаќаат цената.

Филмот уште од почетокот на годинава освојува многу награди низ светот и претставува своевидна азбука за создавање на документарен филм вреден за почит и награди. Рамнодушни не останаа жиријата на фестивалите во Полска, Шпанија, Грузија, Њујорк каде континуирано филмот „Медена земја„ добива признанија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.