“Меѓаши” ги презентира извештаите од Ало Бушавко за 2021 година

160

16.02.2022 година, Скопје

На конференцијата за медиуми, на која ПДАС Меѓаши редовно известува за наодите од работата на СОС телефонот за деца и млади сега именуван како Ало Бушавко, беа презентирани двата резултати од работењето во 2021 година – новата веб платформа „Ало Бушавко“ и наодите од
Годишниот извештај на СОС телефонот за деца и млади за 2021 година АлоБушавко – Веб платформа Следејќи ги развојот и можностите што технологијата ги нуди
за полесна и побрза комуникација, ја изработија новата веб- платформа – со само еден клик децата, младите но и возрасните може да допрат до нив, а и тие до нив. На страницата, освен комуникациски можности, како емаил и чет, се нудат и различни корисни информации за прашања што се од значење и интерес за помладите,
но и за повозрасните. Содржините се групирани според целна група според возраста: деца до 12 години, тинејџери од 13 до 18 години, родители/стратели, наставници и стручни служби.
Годишен извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади – 2021
година
Беа претставени главните наоди од работата на СОС телефонот за деца
и млади во текот на 2021 година.
Во текот на 2021 година добиени се вкупно 329 повици, а вкупниот број деца и млади кои се опфатени со случаите изнесува 449 (198 машки, 176 женски деца, а за 75 деца не е познат полот). Споредбено со минатата година, бројот на случаите е зголемен за над 37 %.
Според возрасната група, најмногу од дојавите се однесувале на деца на возраст од 10 до 12 години.
Најголемиот број од децата или 390 живеат во урбана средина, а 253 од вкупниот број јавувачи се Македонци.
Најчестите прекршувања се однесуваат на категоријата семејни односи (прекршување на правото на
детето за видување со едниот родител при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата од центрите за социјална работа), а веднаш потоа се пријавите за прекршувањата на правата на детето при повреда или штета (меѓуврсничко насилство – булинг, физичко насилство, емоционално насилство, занемарување
(негрижа), политичка злоупотреба). На трето место по зачестеност е прекршување на правото на пристапност до институции, социјални, здравствени и други услуги. Оваа година со 13 % застапеност (59 деца) причината за дојава е нарушеното ментално здравје кај децата, најчесто во случаите поврзан со нарушениот однос со родителите при
бракоразводните постапки.
Беше обезбедена директна помош или поддршка на случаи во кои се засегнати 85 деца. Дадени се препораки во
случаите кои се однесуваат на 197 деца и млади, дадени се информации за контакт на соодветната институција во кои се
опфатени 122 деца, потоа 74 дете или млади упатени беа до други организации или институции, додека 109 деца се
упатени до агенции/институции надлежни за спроведување на законот.

Ало Бушавко 070 390 632
htpps://alobushavko.mk/

Од “Меѓаши” велат:
Заклучни согледувања: Како генерална забелешка и во овој годишен извештај се наведува малиот број деца кои нè контактирале и од таа причина неопходно е да се работи на охрабрување на децата и младите да се јават за да се информираат или за да пријават прекршување на нивните права. Во оваа насока, би сакале да ги охрабриме и родителите и наставниците да разговараат за значењето на СОС телефонот како линија во која децата се ислушани, поддржани и советувани, без притоа да се наруши нивнатаанонимност, приватност и доверба. Нашата примарна цел е најдобриот интерес на детето, што е од витално значење при донесување одлуки и спроведување активности кои се однесуваат на секое дете поединечно, но и на одредена група деца. Во работата на СОС телефонот вклучен е мултидисциплинарен тим од: психолози, социјални работници, правници, педагози, наставници, дефектолози, како и волонтер(к)и кои имаат поминато соодветни обуки. Оваа тимска разноликост ни дава можност секој случај поединечно да биде разгледан од повеќе аспекти и да се изнајде најдобро решение.
Податоците говорат дека прекршувањата на правата на детето при бракоразводна постапка е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат децата и нивните семејства, а ова ни укажува на фактот дека потребно е подобро и поквалитетно регулирање на семејните односи и поголемо внимание и поддршка од страна на надлежните институции со цел да се превенираат дополнителни
кршења на детските права.
Исто така, многу деца се во ризик од насилство со што се влијае на нивниот оптимален психофизички развој. Навидум невидливо во однос на другите облици на насилство, емоционалното
насилство се случува многу често и е еднакво опасно како и сите други облици. Спектарот на емоционална злоупотреба е широк, а се случува кога за детето не се води грижа, не се поттикнува на
развој, се запоставува, се отфрла, се игнорира, се присилува, се казнува, се спречува да се поврзе со други луѓе од неговото опкружување. Одржувањето на менталното здравје е подеднакво важно како за возрасните, така и за децата. Бракоразводните постапки и несогласувањата меѓу родителите на
децата се во најголем број причини за детската вознемиреност и стравот.
Една од дополнителните активности на СОС тимот при Детската амбасада Меѓаши во текот на 2021 година беше кампањата во основните училишта за детските права која траеше од март до
декември. Целта на кампањата беше запознавање на децата со нивните права, колку од нив ги знаат и ги разбираат што навистина значат, како и споделување на СОС-бројот за деца и млади. Кампањата
се реализираше преку онлајн-работилници на платформата Зум со интерактивно учество на децата
преку гледање слики и видеа.
Целата конференција може да ја проследите на овој линк. Извештајот,тука

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.