Отворен Фестивалот Про-за Балкан -денеска разговор со турскиот сценарист Ерџан Кесал

1278

Вчеравечер со синтагмата -Беше еднаш во Скопје , симболично во духот на добро раскажување  во Даут-пашиниот амам беше отворен 7.Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“. Амбасадори, културни аташеи, писатели, љубители на пишаниот збор беа дел од публиката, која имаше ретка можност на едно место да види толку големи имиња од балканската литература.

Низ кратки претставувања на секој од гостите, публиката дозна повеќе за нивните дела, стилот на пишување, односно што е тоа што ги прави оригинални. Гости на фестивалот, годинава, покрај Попов и Басара, се Теофил Панчиќ од Србија, Јагода Михајловска-Георгиева, Једрт Лапух Малежич од Словенија, Тарик Туфан од Турција, Ивица Пртењача од Хрватска. За нивните дела зборуваа: Ермис Лафазановски, Владимир Јанковски и Александар Прокопиев. Фестивалот го отвори Дејан Трајкоски, директор на „Про-За Балкан“, кој ги поздрави гостите писатели со „Беше еднаш во Скопје“, алудирајќи на филмот „Беше еднаш во Анадолија“ од Нури Билге Џејлан, чиј сценарист Ерџан Кесал токму денеска ќе биде гостин на фестивалот.

Тој е сценарист на антологиските филмови „Беше еднаш во Анадолија“ и „Три мајмуни“ од режисерот Нури Билге Џејлан ќе биде гостин во Скопје само на еден ден, на отворен разговор во турскиот културен центар „Јунус Емре“ како гостин на фестивалот „Про-За Балкан“. И покрај тоа што периодов е зафатен со снимање, Ерџан Кесал, кој игра во турската серија „Јама“ што периодов е актуелна за македонската публика, публиката ќе може да го види на 20 мај од 17 до 18 часот во Турскиот културен центар „Јунус Емре“, на средбата наречена „Ерџан Кесал во Скопје!“.

Неговиот последен роман – „Древни времиња“ е дневник во кој е опишан процесот на создавање на „Беше еднаш во Анадолија“.
Познатиот актер кој го игра Идрис КОЧОВАЛИ во серијата ЧУКУР, еминентниот писател и сценарист од Турција Ерџан Кесал ќе биде во придружба на еден друг значаен турски писател Тарик Туфан. Турскиот бестселер романсиер, есеист и сценарист Туфан исто така е гостин на фестивалот.

Модератори на настанот се Дејан Трајкоски и Александар Прокопиев.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.