петок 29 март, 2024
Почетна Featured Неусогласеноста во Европа го одложува укинувањето на зимското и летното сметање на...

    Неусогласеноста во Европа го одложува укинувањето на зимското и летното сметање на време

    695

    Секој жител на Европа што се надеваше дека ќе заврши порамнувањето на времето два пати годишно е сигурно разочаран дека повеќето земји членки од ЕУ побараа дополнително време за во пракса да се примени укинувањето на поместувањето на сказалките на часовникот по летно, односно зимнско сметање на времето.

     

    Европскиот парламент усвои одлука со која на крајот на март годинава, се укинува поместувањето на часовникот, а на земјите членки на ЕУ  им е дозволено да се усогласат до 2021 година, односно да се одлучат дали ќе го применуваат летното или зимското сметање на времето.

    Но, државите членки истануваат неусогласени околку бројни прашања, а нивното одобрување е потребно за промената да стигне на сила. Поради тоа е закажана расправа во ЕП, денеска (четврток, 6.јуни), кога ќе се состанат европските министри за сообраќај. Сепак, не се очекува да биде донесена  никаква конечна одлука.

    Романија, која претседава со Унијата, предупреди дека неопходно е да се усогласат сите ставови, на сите членки на ЕУ за да се спречат „разноликостите на временските зони“ и да се осигура правилното функционирање на единствениот пазар.

    Додека не се усогласат земјите од Европа, уште подолг период ќе имаме два пати годишно менување на времето.

     

     

     

     

     

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
    .td-container, .tdc-row { width: 1095px }