Нова книга за деца од авторката на „Хари Потер“ со наслов „Икабог“

438

Џ.К. Роулинг ги изненади обожавателите најавувајќи нова книга за деца, која од денеска ќе биде објавувана во делови на нејзината веб-страница и ќе биде достапна бесплатно.

„Икабог“ е бајка и прва детска приказна на авторката која не е поврзана со „Хари Потер“, серијата книги за момчето волшебник, што ѝ донесе светска слава.

Роулинг ја напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да ја објави за време на пандемијата, пренесува Би-Би-Си.

– Таа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште во период на овие чудни, вознемирувачки времиња – рече таа.

Поглавјата „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од денеска до 10 јули.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.