Новак Ѓоковиќ ја доби Австралијанската виза назад и може да игра на Australia Open

    34

    По неколку дневна драма, откако Австралијанските власти одлучија да му ја укинат визата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, и да не му дозволат влез во Австралија, каде треба да настапува на турнирот Australia open, тој беше сместен во притвор за бегалци. Ноќеска по наше време  Судот ја укина Одлуката и на Ѓоковиќ му ја врати визата.

    Новак извојува една тешка битка, многу достоинствено и со голема подршка и сега доколку одлучи може да игра на турнирот во Мелбурн.

    Владата на Австралија мора да ја поништи одлуката за укинување на визата, да му плати оштета и сите негови лични предмети да му ги врати.

    Најлошо е кога политиката, глобална или поединечна, влијае на спортот а во овој случај тоа е најизразено.

     

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.