Независниот музички издавач Шарла Рекордс го издаде своето 73-то издание Circus Never Ends (Sharla Records Label Sampler 21/22).
Се работи за веќе традиционална, годишна компилација составена од музика на бендови и артисти кои издаваат за Шарла. Осум од нив влегоа
во овогодишниот избор, меѓу кои и четири нови и досега необјавени нумери кои треба да се најдат на следни изданија. Жанровската и стилска шареноликост која е каракатеристична за овој издавач пресликана е и во ова издание, особено наменето за слушатели
со широк музички интерес и потреби. Компилацијата ја состави Давид Ангелевски, кој го потпиша и омотот, направен врз фотографии на Ивица Јанкуловски. Circus Never Ends (Sharla Records Label Sampler 21/22) може да се преслуша и преземе од бендкемп профилот на Шарла
на следната адреса:
https://sharla.bandcamp.com/album/circus-never-ends-sharla-records-label-sampler-21-22