Предлог за викенд прошетка-Посетете го Музејот на илузиите

892

По скоро сите големи градови во Европа, од минатата година и Скопје доби Музеј на илузии. Музејот се планира да придонесе за зголемување на забавните содржини на градот, но и несомнено треба да е место, каде покрај домашните гости, интерес и забава  ќе пронајдат и странските туристи.

Музејот нуди незаборавно визуелно и сензуално искуство на погрешно толкувана перцепција, која нуди многу забава низ трите ката проткаена во мноштво соби и галериски експонати, велат оние кои веќе го посетиле.

Затоа предлог за викенд прошетка „Музеј на илузии“, кој се наоѓа на улица Максим Горки бр. 10, Скопје, спроти Швајцарска Амбасада.

Работно време секој работен ден од 8-20 часот, а за време на викендите од 9-20 часот!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.