RIP- Со почит и тага за заминувањето на Мето Јовановски и Жарко Лаушевиќ

96

Тетарската и филмска сцена во светот, за два дена остана без двајца извонредни актери од овие наши екс Југословенски и Балкански простори. Беа и ќе останат наши но по многу нешта и светски.

Во 63-тата година од животот на 15 ноември 2023 година замина Жарко Лаушевиќ, во своите најдобри години, кога уште можеше да создава. Роден во Цетиње, кој поголемиот број години од својот живот ги помина во Белград остави бројни забележителни улоги во театарот и филмот. Остави и литературни траги зад себе – четири објавени книги кои по многу нешта ќе се препрочитуваат и од идните генерации.

Беше чест да си генерациски дел од неговото созревање низ Југословенските сцени (театарски, телевизиски и филмски) а да го следиш неговиот животен пад и повторно издигнување над рушевините како Феникс.

Слава ти Жарко!

Вчера утрото не пресретна уште една тажна вест. Си замина и нашиот почитуван извоинреден актер Мето Јовановски. На 77 годишна возраст на која не се одвојуваше од даските што му значеа навистина живот.

Јовановски е роден на 1 јануари 1946 година во селото Панчарево, Пехчевско, а својата кариера ја започна во Народен театар Штип. Од тогаш тој беше еден од водечките актери и тоа не само во Македонија, туку и на просторите на цела поранешна Југославија.

По дипломирањето на Театарската академија во Софија, 1971, Јовановски се вработува во Драмскиот театар во Скопје. Истата година дебатираше на филмското платно со улога во култниот филм „Македонскиот дел од пеколот“.Во Драмскиот театар останува до пензија, но заминувањето во пензија не значи дека заврши со глумата, а ќе остане запаметен по улогите во филмовите „Среќна Нова 49“, „Тетовирање“, „Пред дождот“.

Неговата последна улога е во веќе култната претстава “My name is Goran Stefanovski ”

И за крај, ако за вакви личности има крај би завршила со неговата запаметена од генерации реченица “ Кофер- Ко кофер празен као живот “- но неговиот го остави зад себе преполн со врвни улоги, креативност и како што би рекле неговите блиски, големи дела а едноставност и скромност како и незаборавни ликови на театрските сцени, телевизиските и филмски дела.

Слава ти Мето!

И ќе го цитирам постот на српската актерка Мира Бањац – “Тажно е што си заминуваат толку големи актери, релативно млади, а тоа се случува сѐ почесто во последните неколку години. Останува голема празнина во светот на актерството, бидејќи тоа се навистина особено надарени актери и прекрасни луѓе, што е исто така важно“.

Така е, навистина е тажно!

 

М-р Татјана Гогоска

Одговорен уредник на КулАрт

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.