Романот „БОКСЕРОТ ОД НОВО МААЛО“ од Владимир Плавевски е добитник на наградата „Стале Попов“ за 2020

Престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година, ја доби романот „Боксерот од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски. Наградата е дел од годишните награди што ги доделува Друштвото на писатели на Македонија, а одлуката ја донесе тричлено жири во состав: Игор Станојоски (претседател), Петре Димовски и Трајче Кацаров.

Во „Боксерот од Ново маало“ е прикажан животот и духот на Ново маало во старото Скопје и уникатната приказна за вистинскиот лик со измислено име, Ангел Тотевски или Шуре Катиљ, кој од уличен тепач станува успешен боксер во клубот „Вардар“ и маалска легенда. Голем дел од книгите на Плавевски гравитираат околу секојдневието во маалото каде што го минал детството, а таков е и случајот со „Боксерот од Ново маало“.

Романот ево издани е на „Арс Либрис“  и достапен во продажба во книжарниците „Литература.мк“ и за нарачување онлајн на линкот: www.literatura.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.