Семејна комуникација-Слободното време поминувајте го заедно

1298

Пишува М-р по комуникациски науки Татјана Гогоска 

Современото семејство се соочува со низа дилеми, проблеми, наметнати ситуации кои понекогш под притисок на се околу не може да ги исконтролира, па најчесто негативно се рефлектираат  на семејниот живот. Истиот пак е основа за здрави личности, кои заедно можат да се соочат со сите предизвици на животот.

Еден од начините како да ја подобрите семејната комуникација е, слободното време и  посебните ситуации да ги користете  за  нејзино подобрување. Тука станува збор за комуникација меѓу брачните партнери, меѓу мајката и децата меѓу таткото и децата и меѓу самите деца. Само создавањето на такво здраво јадро на семејство, создава здрави личности подготвени позитивно на животните предизвици.

Едно од најефикасните вештини за подобрување на комуникацијата во семејството и прифаќање на поставеноста на семејството со почитување на авторитетите, е заедничкото користење на слободното време. Секој момент од слободното време на сите членови во семејната клетка е важна.

Ако сте дома може да играте домашни игри, ако сте надвор можете да одите на културна манифестација, во кафуле или на сладолед. Тогаш со таква вештина се избегнуваат сите недоразбирања, речиси сите различни ставови се надминуваат и сè е полесно и поедноставно. Ако сакате нешто да добиете, а не се сложуваат сите во семејството, најдобриот начин е да го поминете времето заедно и опуштено да разговарате. Вештината на опуштеност во решавање на семејни конфликти, конфликти со родители како авторитети и деца е најефикасната семејна комуникациска вештина.

Најважен елемент во една комуникација во семејството е вештина на искрен пристап. Доколку ја применувате мора искрено и полека да ги објасните сите ваши желби, барања и потреби за да можете да успеете во тоа што е вашата намера. Воедно е најважно е да научите да слушате да бидете трпеливи и да немате негативен комуникациски пристап.

Кога ќе ги усовршите овие вештини и ќе ги применувате , секако дека проблемите со кои ќе се соочува вашето семејство полесно ќе ги надминувате со позитивен ефект.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.